Физичката активност носи многу придобивки за телото и за менталното здравје, дури и кога трае само неколку минути. Само 5 до 10 минути движење можат да го зголемат нивото на енергија и да го подобрат расположението.
Во деновите исполнети со обврски, брзање и постојани известувања, домот треба да биде место каде што конечно можеме да здивнеме. Простор во кој ќе се одмориме, ќе ги собереме мислите и барем за кратко ќе го забавиме темпото.
Ретинолот често се користи како општ назив за пошироката група ретиноиди. Овој дериват на витамин А го има во многу производи за нега против стареење, бидејќи го поттикнува обновувањето на клетките и создавањето колаген. Се користи и кај кожа склона кон акни.
Долгото чекање за маса, гласната музика и сметката што секогаш излегува повисока од очекуваното лесно можат да ја расипат викенд-дружбата. Затоа, следниот пат поканете ги пријателките кај вас.Со малку организација, неколку вкусни јадења и добра идеја за дружење, домашниот бранч може да биде поубав од секое излегување.
Веројатно лесно ги препознавате емоционално недостапните луѓе. Тие избегнуваат сериозни разговори, со денови не одговараат на пораки и, откако со недели оставаат впечаток дека сакаат врска, одеднаш велат дека не се подготвени за ништо сериозно.
Кремите за заштита од сонце денес се многу поразлични од оние што ги паметиме. Густите и лепливи производи што оставаа бели траги веќе не се единствената можност. Постојат лесни креми, серуми, тонирани производи и хидратантни креми со заштитен фактор, приспособени на различни потреби и типови кожа.
Некои здравствени совети ги слушаме толку често што веќе ги прифаќаме како факти. Осум чаши вода дневно, задолжителен појадок, пауза пред пливање по оброк. Списокот е долг.
Медитацијата е едноставна практика што може да помогне при стрес, анксиозност и секојдневна психичка напнатост. Со неа го насочуваме вниманието кон дишењето, телото, одреден звук или мисла.
Отворената комуникација, меѓусебниот интерес, времето за себе и заедничкото решавање на проблемите се дел од основата на секоја здрава врска. Сепак, многу зависи од потребите на двајцата партнери.Не постои единствен модел на здрава врска што им одговара на сите. Секој има различни потреби, а тие може да се менуваат во текот на животот.
Ако во последно време следите содржини за ментално здравје и личен развој, можеби веќе сте наишле на теоријата „Пушти ги“. Името веднаш отвора неколку прашања: Кого треба да пуштиме? Што точно треба да им дозволиме на другите? И како тоа може да ни помогне?
Животот понекогаш едноставно станува премногу напорен. Работните обврски, семејните грижи и случувањата во светот оставаат трага врз нашиот нервен систем. Истовремено, постојано слушаме дека треба да бидеме продуктивни, редовно да вежбаме, да се дружиме, да медитираме и да внимаваме децата да земаат пробиотици.
Мократа маица по тренингот често ја сметаме за доказ дека сме вежбале напорно и сме потрошиле многу калории. Но количината на пот не покажува колку калории сме потрошиле.
Кога некој пријател ќе ни каже дека сака да нè запознае со некого, речиси секогаш следува истото прашање: „Имаш слика?“ А штом ќе го дознаеме името, почнува малото интернет-истражување. Го бараме на Instagram и Facebook, ги разгледуваме заедничките пријатели и означените фотографии, па ѕирнуваме и на LinkedIn за да видиме каде работи.
Сезоната на затемнувања во астрологијата често се поврзува со ненадејни промени и важни животни пресврти. Додека затемнувањата на Месечината обично се толкуваат како периоди на завршетоци и откритија, затемнувањата на Сонцето најавуваат нови почетоци.
Броењето калории значи следење на вкупниот број калории што ги внесувате преку храната и пијалаците во текот на денот. За да се намали телесната тежина, потребно е подолг период да внесувате помалку калории отколку што телото троши. Ова се нарекува калориски дефицит.
Дали навраќањето во минатото е секогаш лошо? Во последно време сè почесто се зборува за невралната носталгија – влијанието што познатата музика од тинејџерските години го има врз мозокот во зрелоста. Омилените песни од тој период можат да нè смират, да ни го подобрат расположението и за миг да нè вратат во некое поедноставно време.
Пептидите ги има во сè повеќе серуми и креми за лице. За нив најчесто се зборува како за состојка што може да ги ублажи воспаленијата, да го изедначи тенот и да ја намали видливоста на брчките.
Дали проверувате на чии објави партнерот остава лајкови, што коментира и кого неодамна почнал да следи? Дали ве вознемирува кога е активен на социјалните мрежи, а не ви одговара на пораката? Можеби сте се нашле и во ситуација да посакате да ги прочитате неговите приватни разговори.
Omnia.mk
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.