За Нас

Омниа.мk е онлајн платформа посветена на практични совети за поздраво и посвесно секојдневие. Темите што ги обработуваме се разновидни, но сите се поврзани со една заедничка основа – грижата за себе и за светот околу нас. Веруваме дека грижата за себе не значи само физичко здравје, туку и ментално, емотивно и духовно разбирање на сопствениот живот.

Почитуваме различни пристапи и гледишта, бидејќи благосостојбата ја гледаме како личен и уникатен пат. Истовремено, веруваме дека тоа е пат што секој може да го започне и гради преку мали, но значајни промени во секојдневието. Нашата улога е да те информираме, да те поттикнеме и да понудиме практични идеи што можат да се применат веднаш и да донесат реална вредност.

Пишуваме со јасна намера да информираме, подучуваме и мотивираме, придонесувајќи кон подобро чувство на благосостојба. Омниа.мk се оддалечува од сензационализам и површни приказни и се стреми кон содржина што е смислена, применлива и блиска до реалниот живот.

 

Дополнително, ги охрабруваме читателите да се вклучат и со свои колумни, размислувања, искуства и стручни ставови поврзани со темите што ги обработуваме. Омниа.мк е отворен простор за размена на идеи и содржини што носат вредност и поттикнуваат посвесно живеење.
 

Ве очекуваме,
Омниа.мк

Услови за преземање на содржините

Текстовите, фотографиите и останатите материјали објавени на Омниа.мк се авторски. Неовластено преземање и користење на содржините не е дозволено. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво до 20 отсто од содржината, со задолжително наведување на изворот и активен хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк. Во сите други случаи, преземањето и користењето на содржините е дозволено само со претходна согласност.

Контактирајте нè

За какви било прашања слободно контактирајте не на: info@omnia.mk