Актуелно

3 хороскопски знаци што се заглавени во минатото

Дали навраќањето во минатото е секогаш лошо? Во последно време сè почесто се зборува за невралната носталгија – влијанието што познатата музика од тинејџерските години го има врз мозокот во зрелоста. Омилените песни од тој период можат да нè смират, да ни го подобрат расположението и за миг да нè вратат во некое поедноставно време.

Секој понекогаш посегнува по стара песна за да си го поправи денот. Кај некои, сепак, истата плејлиста од 2006 година сè уште е главната музичка подлога на животот. А музиката понекогаш е само почеток.

Тука се и постојаното копнеење по „златните денови“ од факултетот, честото навраќање на стара љубов или носталгијата по омиленото парче облека од 2014 година. Некои луѓе само повремено го посетуваат минатото. Други одамна имаат постојана адреса таму.

Според астрологијата, три хороскопски знаци особено тешко се одвојуваат од спомените. За нив минатото е познато, удобно и секогаш доволно блиску за повторно да му се вратат.

1. Рак (21 јуни – 22 јули)

Во астрологијата, Месечината владее со спомените. Ракот, чувствителниот кардинален воден знак, е управуван токму од неа. Затоа може да се каже дека раковите живеат под силно влијание на сопствените сеќавања.

Тоа истовремено е дар и товар. Раковите се хроничарите во друштвото. Секогаш ги паметат датумите, местата и деталите од важните заеднички моменти.

Се обидуваш да се сетиш во кој месец ја имаше онаа авантура на одмор во Рим? Или каде точно го прослави 24-тиот роденден, за да провериш дали локалот сè уште постои? Пријателот рак веројатно ги памети сите детали.

Толку силната меморија лесно ги враќа раковите во живописните слики од минатото. Понекогаш токму тие спомени им ја одземаат возбудата за она што допрва доаѓа.

ПОВРЗАНО: Кои хороскопски знаци се најкомпатибилни за врска? 

2. Бик (20 април – 20 мај)

Биковите често знаат да бидат безнадежни носталгичари. Најчесто посакува сè да изгледа како пред десет години.

Биковите го сакаат минатото бидејќи го доживуваат како нешто веќе оформено, јасно и стабилно. Токму по таквата цврстина копнеат земјените знаци. Иднината е непозната, а сегашноста постојано се менува, што кај бикот создава чувство на несигурност.

Веќе спомнавме дека Месечината владее со спомените. А во кој знак нејзиното влијание е најсилно?Токму во Бик. Сосема е разбирливо што Биковите лесно се заглавуваат во минатото - таму се чувствуваат како дома.

3. Скорпија (22 октомври – 21 ноември)

Како и раковите, скорпиите длабоко ги доживуваат емоциите. Кај ракот, Месечината е во својот дом. Во скорпија таа се наоѓа во пад, што значи дека потешко ги изразува своите природни особини.

Во астрологијата, Месечината се поврзува со емоциите и грижата за телото и домот. Кај Скорпиите, овие особини се развиваат со повеќе време и труд. Тие не се родени носталгичари како раковите, но во текот на животот постојано ја развиваат таа страна од себе. Особено се трудат да ја согледаат целата слика, бидејќи вниманието најпрво им го привлекуваат најинтензивните и најболните делови од една ситуација.

И да, токму скорпијата има најголеми шанси сè уште да ја слуша истата емо-плејлиста од 2006 година.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.