Месечен хороскоп за водолија – септември 2026

Водолии, септември ве поттикнува да забавите и да им обрнете повеќе внимание на чувствата. Сонцето во девица буди спомени што сè уште влијаат врз вашите одлуки. Дајте си време да ја обработите тагата, да си простите за некои поранешни избори и да преземете одговорност за она што можете да го смените сега. Во фокус ќе биде и финансиската сигурност, па може да преговарате за договор или да правите план за отплата на долг.

На 1 септември Марс во рак е во квадрат со Сатурн во овен и носи стрес во секојдневието. Можно е да водите тежок разговор или да решите да дадете отказ. Работите ќе се одвиваат побавно, а грижите може да ви ја намалат самодовербата. Завршете го она што е најитно и распоредете ги останатите задачи во следните денови. Така ќе избегнете дополнително исцрпување.

На 10 септември Венера влегува во скорпија и го насочува вниманието кон вашиот труд и професионалните резултати. Можно е да преземете поголема одговорност, да достигнете важна цел или да добиете признание. Поддршката може да пристигне токму во областа во која ви е најпотребна. Постигнатото конечно ќе ви донесе чувство дека напорот се исплател.

Истиот ден Меркур влегува во вага и ја буди љубопитноста. Можно е да се запишете на работилница, да испланирате патување или да пробате нешто што досега ви изгледало необично. Ќе ви требаат нови искуства, знаења и разговори. Споделете ги своите идеи, бидејќи луѓето ќе сакаат да го слушнат вашето гледиште.

На 10 септември Уран тргнува ретроградно во близнаци и носи убаво изненадување. Љубовната врска или креативниот проект може одеднаш да добие нова насока. Неочекуван комплимент ќе ви ја зголеми самодовербата. Можно е да откриете и хоби што ќе ви донесе многу повеќе задоволство отколку што сте очекувале.

Младата месечина во девица ве поттикнува да се справите со конкретен товар што долго го носите. Тоа може да биде долг, финансиска обврска, чувство на вина или старо незадоволство. Направете мал и остварлив чекор -  договорете рата, започнете искрен разговор или запишете што точно ве оптоварува. Јасниот план ќе ви помогне да ја вратите контролата.

На 22 септември Сонцето влегува во вага, а есенската рамноденица носи информација што ќе ви биде корисна. Ќе имате можност да го споделите своето знаење со поширока публика. Можно е да зборувате на конференција, да објавите текст или да добиете признание за своите способности и искуство.

Полната месечина во овен на 26 септември ви дава храброст отворено да ја кажете вистината. Разговор што трае подолго време стигнува до пресвртница. Проблем со пријател, брат или сестра конечно може да се разјасни. Ќе ја искажете насобраната лутина и појасно ќе кажете што ви е потребно за односот да продолжи.

Кога Марс ќе влезе во лав на 27 септември, блиските односи стануваат понапнати. Некој близок може да минува низ тежок период и да бара совет или поддршка. Почести ќе бидат и расправиите со партнерот или со човекот со кој живеете. Овие разговори може да ви помогнат да расчистите проблем што долго сте го одложувале. Јасно одредете за што можете да помогнете и каде завршува вашата одговорност.

На 30 септември Меркур влегува во скорпија и го насочува вниманието кон долгорочните планови. Ќе направите конкретен план за идеја што сакате да ја остварите и ќе увидите кои цели ја изгубиле својата важност. Можно е да достигнете пресвртница во врска, на работа или во личен проект. Признајте си го успехот и споделете го со луѓето што ве поддржувале.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.