social image

Јога

Секојдневна јога пракса: Што се менува кога не се откажуваме од себе?

Секојдневната јога пракса не мора да изгледа исто секој ден. Некогаш ќе имаме енергија, фокус и време. Некогаш не. Но токму во таа непостојаност, праксата добива смисла. Не се работи за тоа да постигнеме некаков резултат, туку за тоа да изградиме навика што нè потсетува дека грижата за себе може да биде едноставна, но доследна.

Прочитај повеќе

Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

Пренатална јога, како форма на нежна и целосно прилагодена физичка активност, им помага на идните мајки да го подготват своето тело за предизвиците на бременоста и породувањето, истовремено придонесувајќи за спокојност и мир.

Прочитај повеќе

CBD и медитација: Дали може да ја подобри вашата пракса?

CBD и медитација е донекаде контроверзен велнес производ во последните неколку години, особено кога се користи во медитативната праксата. Откога CBD маслото и маслата од коноп влегоа во поширока употреба, се увиде дека користење на истите имаат многу придобивки за подобрување на медитативната пракса.

Прочитај повеќе

11 свети како да избегнете болка во зглобовите при јога

Асаните често знаат да направат притисок на зглобовите. Многу положби кои носат тежина како што се „куче свртено надолу“, „куче свртено нагоре“ положба на штица (plank), стој на раце знаат да бидат оптеретувачки за зглобовите на рацете.

Прочитај повеќе

Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

Природата е магично место кое помага да се ослободиме од секојдневните грижи и да се поврземе со нашето внатрешно јас. Кога се практикува медитација и јога во природа тие добиваат ново значење, нудејќи дополнителни придобивки преку поврзувањето со природата.

Прочитај повеќе

Јога за правилно држење на телото

Јогата особено става акцент на правилно држење на телото и помага да се сменат абнормалните кривини на ‘рбетот, корегирајќи ги искривувањата што се јавуваат кај постуралната кифоза и постуралната лордоза. Бидејќи држењето влијае на секој систем во телото, ефикасноста на јогата може да го подобри целокупното здравје и благосостојба на практикантот.

Прочитај повеќе

Здравје

Ензими: што прават и зошто ни се потребни?

Децата, роковите на работа, што ќе се готви за вечера… тоа се мислите што најчесто ни ја исполнуваат главата. Во секојдневната брзина ретко застануваме да размислиме што се случува во нашето тело. А уште поретко се прашуваме што се случува во нашите клетки. Сепак, здравјето на клетките е основа на здравото тело, а ензимите имаат клучна улога.

Прочитај повеќе

Што научивме кога пробавме да јадеме само сезонски, македонски производи?

Во Македонија, голем дел од храната што ја јадеме може да расте тука. Во различни делови од земјата виреат домати, пиперки, краставици, зелка, компир, кромид, јаболка, грозје, праски, сливи и многу други култури. Обидот да се јаде сезонска и локална храна значи враќање кон она што природно ни е достапно во текот на годината

Прочитај повеќе

Сила во перименопауза - план за жени 40+ за мускули, метаболизам и коскена маса

Перименопаузата не доаѓа со фанфари. Таа се појавува тивко, со суптилни промени во телото и енергијата, најчесто во четириесеттите години. Многу жени во овој период забележуваат дека телото реагира поинаку од порано. Мускулите побавно се обликуваат, килограмите полесно се задржуваат, а одржувањето на физичката сила бара поинаков пристап.

Прочитај повеќе

Зошто пешачењето до работа е потценета форма на вежбање?

Кога ќе се спомне вежбање, повеќето луѓе веднаш помислуваат на теретана, тренинзи, справи и специјални програми. Малкумина го поврзуваат зборот „вежбање“ со нешто толку обично како пешачење до работа. А токму таму, во таа секојдневна рутина, се крие една од наједноставните и најприродни форми на физичка активност.

Прочитај повеќе

Зошто ни се јаде повеќе кога сме дома отколку кога сме надвор?

Многу луѓе забележуваат дека апетитот се менува веднаш штом ќе влезат дома. Истата личност која поминала половина ден без да помисли на храна, во домашни услови почнува почесто да јаде или да грицка. Овој феномен е доволно чест за да не се смета за случајност.

Прочитај повеќе

Што му правиме на телото кога појадокот постојано го заменуваме со кафе?

​За многумина, денот не почнува без кафе. Брзо, топло и секогаш при рака. Кај дел од луѓето, токму кафето станува и замена за појадок, најчесто од практични причини - немање време, немање апетит наутро или едноставно навика што трае со години. Прашањето е што навистина му правиме на телото со оваа навика?

Прочитај повеќе

Личен развој

Вести од Личен развој

Сакаш повеќе самодоверба во теретана? Еве од каде да почнеш

Влегувањето во теретана првпат знае да биде малку чудно чувство и често може да делува како да си се нашол во сосема нов свет. Се наоѓаш меѓу справи што не ги препознаваш, тегови насекаде и луѓе кои изгледаат како точно да знаат што прават. А ти се прашуваш каде да ја оставиш водата, како функционира половина од опремата.

Прочитај повеќе

Ритуали што полека исчезнуваат од секојдневието (кафе без телефон, бавно готвење...)

Секојдневието полека ги менува своите навики. Некои исчезнуваат без да забележиме кога точно сме престанале да ги практикуваме. Утринското кафе без телефон, готвењето што трае со часови, читањето книга пред спиење се примери за мали ритуали што некогаш биле природен дел од денот.

Прочитај повеќе

На самиот крај на 2025, што можеме да издвоиме како навистина важно годинава?

​Како што се приближува крајот на годината, повторно се појавува потребата да се направи некаков пресек. Во медиумите, на социјалните мрежи и во разговорите доминираат обиди за сумирање, споредување и оценување на изминатите месеци.

Прочитај повеќе

Духовност

Вести од Духовност

Кога звукот лекува – разговор со звукотерапевт, Ива Зафировска

Во последно време, сè повеќе луѓе бараат начин да се опуштат, да го намалат стресот и да се поврзат со себе – на страна од класични терапии. Една од тие алтернативи која станува сè попопуларна и кај нас е звукотерапијата со кристални звуци.

Прочитај повеќе

Реики, уметноста на енергетско исцелување

Реики е техника за духовно исцелување која користи движења на рацете за да ја води енергијата низ телото за да го подобри емоционалното, духовното и физичкото исцелување. Реики е комплементарна терапија која се користи заедно со конвенционалната медицина за да помогне во подобрувањето на здравјето и благосостојбата.

Прочитај повеќе

Традиционални методи за лекување на телото и умот

Човештвото низ историјата развило безброј методи за исцелување, кои се темелат на набљудување на природата и интуитивното разбирање на човечкото тело и дух. Овие традиционални методи за исцелување, кои се пренесуваат од генерација на генерација, содржат непроценливо знаење и мудрост.

Прочитај повеќе

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе

Грижа за светот

Зошто компостирањето дома не е толку комплицирано како што мислевме?

Компостирањето дома значи одвојување на органскиот отпад и негово претворање во природно ѓубриво. Станува збор за остатоци од храна и растителен отпад што наместо да завршат во канта, се претвораат во природно ѓубриво. Ова е важно затоа што органскиот отпад сочинува голем дел од комуналниот отпад и директно влијае врз загадувањето

Прочитај повеќе

Секојдневие во „магла“ – што направивме (и што не) за почист воздух?

Секоја зима приказната се повторува. Мирисот на горена пластика, гума и отпад станува дел од секојдневието, а бројките во портокалово и црвено повторно се прифаќаат како нешто нормално.

Прочитај повеќе

Кога граѓаните преземаат иницијатива - еко-акција во Расадник овој викенд

Во сабота, 1 ноември, со почеток во 11:00 часот, во населбата Расадник – Кисела Вода, ќе се одржи голема еколошка акција за чистење, во организација на граѓанското движење „За почиста Македонија“.

Прочитај повеќе

Зошто мирисот на дождот нè смирува?

Има нешто посебно во мирисот што шири во воздухот кога врне дожд. За многумина носи чувство на смиреност и блискост со природата, како мал потсетник дека светот има свој ритам што не зависи од нас. Не е чудо што луѓето од различни култури го доживуваат овој мирис како нешто утешно и пријатно, иако ретко размислуваме зошто е тоа така.

Прочитај повеќе

14 совети да го направите вашиот дом eco-friendly

Не сите методи за намалување на јаглеродниот отпечаток во домот мора да бараат огромни количини на време, пари и напор. Овие едноставни eco-friendly идеи за позелен дом се лесни, евтини, па дури и забавни. Со само неколку едноставни прилагодувања, можете да го претворите вашиот дом од дом што троши енергија во дом што заштедува.

Прочитај повеќе

Практикување „нула отпад“ - 6 совети и практични замени

Практикување на начин на живот со нула отпад значи намалување на количината на отпад што ја создаваме на индивидуално ниво со цел да се минимизира влијанието на конзумеризмот врз животната средина.

Прочитај повеќе

Авантури

Патување низ помалку познатите места во Македонија – 5 скриени дестинации

Во Македонија постојат природни локации што не се дел од вообичаените туристички маршрути и ретко се појавуваат во водичи или промотивни кампањи. Дел од нив ги посетуваат главно локални жители, планинари или луѓе што бараат места без уредена инфраструктура и без гужви.

Прочитај повеќе

Што е важно да се знае пред првата подолга планинарска тура?

Подолгите планинарски тури стануваат сè почест избор, особено за време на викендите и во периоди со постабилно време. Првата тура што трае неколку часа носи поинаков ритам и поинакви услови од кратките прошетки. Затоа е важно однапред да се знае на што треба да се внимава за да се избегнат непријатни ситуации на терен.

Прочитај повеќе

Како да изберете соодветна облека за различни временски услови во планина

Планината секогаш носи изненадувања – едно утро може да тргнете кон врвот под јасно небо и топло сонце, а до попладне да ве пречекаат дожд, снег или силен ветер. Токму затоа, изборот на облека не е само прашање на стил или удобност, туку и на безбедност.

Прочитај повеќе

Астрологија

Вести од Астрологија

Прв ден на пролетта 2026 - пролетната рамноденица

Со пролетната рамноденица започнува пролетта – деновите стануваат подолги, природата се буди и се исполнува со нов живот. Ова е период кога сè се раздвижува и добива свежина.

Прочитај повеќе

Годишниот хороскоп за 2026 е тука! Што носи новата година за вашиот хороскопски знак?

Астрологијата за 2026 година носи период на промени и постепен личен раст. Најизразени ќе бидат околу 26 јули, кога кармичките јазли ќе се префрлат на лунарната оска Водолија–Лав. Со тоа започнува циклус од околу година и пол, кој отвора простор за нови идеи, иновации и посилно чувство на заедништво.

Прочитај повеќе

Супермесечината во ноември - последна за оваа година (2025)

На 5 ноември, љубителите на небото ќе имаат прилика да ја проследат последната супермесечина за оваа година. Таа ќе изгледа поголема и посјајна од вообичаено, бидејќи Месечината ќе биде најблиску до Земјата во својата орбита. Најдобро ќе се гледа веднаш по зајдисонце, кога ќе се појави над источниот хоризонт.

Прочитај повеќе