Кога звукот лекува – разговор со звукотерапевт, Ива Зафировска

Во последно време, сè повеќе луѓе бараат начин да се опуштат, да го намалат стресот и да се поврзат со себе – на страна од класични терапии. Една од тие алтернативи која станува сè попопуларна и кај нас е звукотерапијата со кристални звуци.

Што точно се случува на една ваква сесија? Дали звукот навистина може да влијае на телото и умот? Сесиите со кристални звуци се базираат на работа со фреквенции и вибрации кои го поттикнуваат нервниот систем да влезе во состојба на длабока релаксација. Луѓето што пробале забележуваат намалување на стресот, подобар фокус и чувство на внатрешна смиреност по завршувањето на сесијата.

Разговаравме со Ива Зафировска, звукотерапевт која користи кристални садови, звучна виљушка и други инструменти за да им помогне на луѓето да се поврзат со себе и да го пронајдат сопствениот мир.

Што е терапија со кристални звуци и како се изведува?

Звукотерапијата со кристални звуци e холистичка метода која користи главно кристални садови и ѕвончиња. Во мојата пракса, звукотерапијата е збогатена и со океански тапан, дождовен стап и други инструменти. Таа се остварува преку пренос на соничните бранови и вибрации, кои помагаат во релаксацијата, балансот на енергијата и подобрување на општото здравје.

Сесијата обично се изведува во лежечка положба, додека звукот – преку својата фреквенција и вибрација – делува директно на умот, телото и духот, создавајќи состојба на хармонија и внатрешен баланс.

Во мојата пракса, употребувам и кристална виљушка, со која се изведува звучна масажа, која уште се нарекува и тонална акупунктура. Тука исто се работи со звучни фреквенции – звучната виљушка е наштимана на 136,1 hz. Поставувајќи ја истата на меридијани, акупунктурни точки, енергетски центри, органи и други делови од телото, се постигнува уште поголема релаксација. Со тоа се даваа и акцент на физичкото тело, кое „се штима“ на своите природни фрекфенции, каде би требало да вибрираме секојдневно. Се намалува болката и мускулната тензија, овозможувајќи „chi flow“ – слободно течение на животната енергија.

Како звучните вибрации влијаат на телото и умот?

звукотерапија, звучни инструменти

ФОТО: Приватна архива

Вибрациите можат да ја намалат напнатоста, болката, да го регулираат нервниот систем и да поттикнат длабока релаксација. Го намалуваат стресот, ги олеснуваат емоциите, едноставно дозволуваат да се издишеме и да го пуштиме она кое веќе не ни служи.

Всушност, влијаат на мозочните бранови, водејќи не во состојба на мир и медитација, односно во една тета состојба на свест, каде ние можеме да поразговараме со себеси, да поставиме намери и да си ги препознаеме блокадите. Едноставно да се набљудуваме од еден поинаков агол, да добиеме увид, да манифестираме, да бидеме благодарни и ја подобриме нашата психо-физичка рамнотежа.

Како започнавте да се занимавате со звукотерапија и што Ве инспирираше да го изберете овој пат?

Моето патување во звукотерапијата започна од мојот вечен интерес за езотерија и спиритуалност, духовен развој, звукот како лек, љубов кон музиката и методи на природно и алтернативно лекување. Секако не изостанува тука и конекцијата со себе и природата, мајка Земја, подлабоко разбирање на себе, па оттаму и другите.

Вечен борец сум за подобрување на секојдневието и живеење посвесно, сакајќи да сум слободна и неограничена, за да можам да го правам исклучиво тоа што ме исполнува. Тоа е воедно и мој дар да го дадам, со желба да им помогнам на другите, во една борба, надеж и желба за подобар свет и поголема колективна свест. Вибрирање во мир, слобода и љубов, наместо во страв и матрикс.

„Секој звук има своја намера, секоја вибрација носи порака“.

Кои се најчестите придобивки што ги имаат вашите клиенти по терапија со кристални звуци?

Клиентите најчесто пријавуваат чувство на длабока релаксација и благодарност, наоѓање на мирот во тишината „под звукот“, сонично dream-like патување, намалување на анксиозноста, стресот и емоционалната тензија.

Имаат подобрен сон, олеснување на тинитус, подобрено ментално здравје, полесно понатамошно справување со панични напади, полесно справување со хипертиреоза, зголемена енергија и радост, полет, чувство на моќ, чувство дека сѐ е можно. Храброст за да ги надминат и пуштат траумите. Спознание, зошто некои работи се такви какви се, бистар ум, зголемена самодоверба и воља, со фокус на подобрување на животот. Свесност за себе и околу себе. Љубов кон Земјата, себе и другите.

Некои велат дека чувствуваат ослободување од долго задржани емоционални блокади и воочување на мисловни структури кои не им служат, со можност за изнаоѓање на соодветни начини, за тоа како да се справат со своите состојби и проблеми.

Како може звукотерапијата да помогне во секојдневниот живот и во справувањето со стресот?

Редовната звукотерапија може да го намали нивото на кортизол (хормон на стресот) и да го смири нервниот систем, да ја подобри концентрацијата. Многу луѓе ја користат како алатка за медитација, саморефлексија и емоционална регенерација.

Едноставно ни помага да се заземјиме и успориме, овде и сега. А кога сме во состојба на релаксација, сигурност и смиреност, добиваме точен увид за тоа што ни е потребно и така го поттикнуваме самолекувањето.

Како изгледа една типична сесија со звукотерапија и колку трае?

Типичната сесија трае околу 70–90 минути. Започнува најчесто со краток вовед и прашања, прелевајќи се во искрено споделување на состојбата и намерата на клиентот или групата.

Потоа практикуваме заземјување со дишење, благодарност и поставуваме намери. Постои можност за plant medicine – рапе (за индивидуални и сесии во пар), но само за тие кои вистински го прифаќаат тој пристап, го чувствуваат како потреба и имаат почит кон мајка Земја.

Продолжуваме со звучната масажа и полека навлегуваме во звучната медитација со различни инструменти. Крајот е нежно будење, неколку минути за интеграција и по желба, споделување на искуството.

Кои се вашите совети за оние кои се нови во звукотерапијата и сакаат да ја пробаат за прв пат?

Отворете се вистински кон искуството, облечете удобна облека, дојдете хидрирани, бидете во состојба на прифаќање и дозволете му на звукот да ве води.

Секоја сесија носи различно искуство, бидејќи секој човек доаѓа со своја состојба и енергија. Опуштете се, без страв и срам, и дозволете му на звукот да ве води. Дозволете сѐ што е потребно да излезе на површината, дишете и пуштајте го тоа што не ви служи.

Кои се вашите идни планови и цели во областа на звукотерапијата?

Планирам да вклучам повеќе инструменти и да одржувам сесии во природа, како и да ги воспоставам сите мои идеи за приватни настани, форми и изведби на звучна терапија.

Сакам да организирам ритрити и соработувам со одредени државни институции. Преку нови соработки, да развијам навика на велнес тим билдинг во компаниите, да креирам настани и програми за личен развој со помош на исцелувачки звук. Да го проширувам знаењето за оваа терапија преку работилници и онлајн содржина, како и своето, вклучувајќи нови методи за звучна хармонизација.

Како терапијата со кристални звуци ве промени вас лично и вашиот животен пат?

звукотерапевт, Ива Зафировска

ФОТО: Приватна архива

Ми помогна да станам уште посвесна за сопственото тело, емоции, моќ и енергија.

„Преку звукотерапијата најдов уште еден начин да го одржувам сопствениот баланс на ум-дух-тело, и да се одржувам на висока вибрација“.

Го зголеми моето изобилие во сите сфери. Добив поголем увид за себе си, а и за тоа како да се поврзам уште подлабоко со себе и да го кренам енергетското ниво.

Оттаму, можам да им помагам на другите во нивниот процес на исцелување, разбирајќи и чувствувајќи ги луѓето уште повеќе. Ме направи уште по слободна и по самоуверена, потсетувајќи ме дека секогаш можам да правам сè што сакам – и сега тоа е мојата реалност.

Ива Зафировска (soundhealingskopje) е звукотерапевт која води индивидуални и групни сесии во Скопје и низ Македонија. Работи со кристални садови, звучна виљушка и други инструменти, со фокус на лична трансформација и енергетска рамнотежа.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе