Секојдневна јога пракса: Што се менува кога не се откажуваме од себе?

Секојдневната јога пракса не мора да изгледа исто секој ден. Некогаш ќе имаме енергија, фокус и време. Некогаш не. Но токму во таа непостојаност, праксата добива смисла. Не се работи за тоа да постигнеме некаков резултат, туку за тоа да изградиме навика што нè потсетува дека грижата за себе може да биде едноставна, но доследна.

Доследноста станува форма на грижа

Постојаноста не мора секогаш да има форма на строга рутина. Во јога праксата, доследноста станува форма на грижа тогаш кога не е водена од вина, туку од желбата да останеме поврзани со себе. Не затоа што „мора“, туку затоа што ни значи.

Кога ја вметнуваме јогата во секојдневието, дури и во наједноставна форма, си покажуваме дека сме важни — не само кога имаме сила и мотивација, туку и кога сме уморни, расеани или преоптоварени. Таа повторливост, без притисок, гради стабилност. Доследноста, во овој контекст, не е доказ за дисциплина, туку гест на внимание.

Доследноста создава доверба

Довербата во себе не настанува одеднаш, туку се гради преку постојаност — преку повторливи, намерни избори што го зајакнуваат чувството на сигурност и стабилност. Секојпат кога свесно одлучуваме да ѝ дадеме простор на јогата, дури и во денови кога ни недостасува енергија или концентрација, всушност градиме внатрешна структура која ни помага да останеме поврзани со себе и во похаотични периоди.

Оваа доследност не мора секогаш да изгледа исто, ниту да се одвива во совршени услови, но токму преку тој континуиран напор, независно од околностите — се создава чувство на доверба. Доверба дека можеме да се потпреме на себе, и дека не сме секогаш на милост и немилост на моменталната мотивација.

Со текот на време, ова влијае и на другите аспекти од животот — стануваме потрпеливи, посигурни во изборите, и способни да одговориме на предизвиците со повеќе зрелост, бидејќи чувството на внатрешна поддршка веќе е изградена навика, а не случајна појава.

Доследноста што се чувствува и надвор од праксата

Една од промени што доаѓаат со секојдневната јога пракса е развивањето на толеранција на фрустрација. Кога редовно се враќаме на простирката, се соочуваме со многу нешта: денови кога телото не соработува, мисли што не стивнуваат, положби што вчера ни одеа лесно, а денес не можеме да ги направиме „ни за жива глава“. Но со тек на време, престануваме веднаш да се фрустрираме кога нешто не оди според очекувањата.

Оваа вештина — да не реагираш веднаш, да издржиш непријатност, да останеш присутен и кога нешто не ти се допаѓа — полека почнува да се пренесува и во секојдневието. На пример, кога некој ќе те прекине во разговор, кога нешто ќе се одложи, кога ќе направиш грешка — не реагираш импулсивно. Имаш мал простор меѓу дразбата и одговорот, и токму тој простор е практичен резултат од доследноста на праксата.

Тоа не е нешто што се случува одеднаш, но е реална промена. И токму поради тоа, јогата не се чувствува само во телото — туку во начините на кои го носиме денот, во паузите пред да одговориме, и во тоа што не ни треба сè да биде лесно за да останеме присутни.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе

Паста со брокула и сос од кокос

Ако барате брз и здрав оброк кој е идеален за секоја пригода, тогаш оваа паста со брокула и сос од кокос е вистинскиот избор за вас. Овој вегански рецепт е лесен за подготовка, здрав и вкусен – совршен за љубителите на здравата храна.

Прочитај повеќе