Грижата за себе минува низ различни фази. Понекогаш ни оди лесно, а понекогаш ни треба мал поттик однадвор.
Позитивните афирмации се едноставен начин да си дадеш поддршка секој ден. Не чинат ништо, а можеш да ги прилагодиш точно според себе. Можеш да ги запишеш на ливчиња, да ги чуваш во телефонот или едноставно да си ги повторуваш кога ти е најпотребно.
Без разлика дали минуваш низ тежок период или само сакаш да се чувствуваш посигурно, сигурно ќе најдеш нешто што ќе ти легне.
- Да побараш помош значи дека се почитуваш себеси.
- Да се премислиш не е слабост, туку зрелост.
- Одлуките што ги носам се засноваат на моето искуство.
- Ги охрабрувам другите, како што се охрабрувам и себе.
- Само јас најдобро знам која сум.
- Имам право да побарам што ми треба.
- Имам право да се чувствувам добро.
- Умеам да најдам баланс меѓу работа и одмор.
- Доволна сум таква каква што сум.
- Секој ден наоѓам повеќе мир во себе.
- Го правам она што ми одговара.
- Добра сум и напредувам.
- Растам со свое темпо.
- Имам луѓе што ме поддржуваат.
- Јас избирам како ќе се чувствувам.
- Отворена сум да учам и да откривам.
- Заслужувам љубов и почит.
- Не ме дефинираат моите околности.
- Си давам време да се чувствувам подобро.
- Секој нов ден носи нова можност.
- Чувствувам мир во себе.
- Доволна сум таква каква што сум.
- Прво се грижам за себе.
- Сигурна сум и не сум сама.
- Грешките се дел од учењето.
- Моето мислење е важно.
- Вредам и имам што да понудам.
- Одморена сум и подготвена за денот.
- Вложувањето во себе е најдобрата одлука.
- Имам свое место.
- Вдишувам мир, издишувам стрес.
- Вдишувам доверба, издишувам сомнеж.
- Можам да бидам нежна и да поставам граници.
- Контролирам како реагирам.
- Во ред е да чувствувам повеќе работи одеднаш.
- Ги препознавам добрите страни кај себе и кај другите
- Имам право да поставам граници за физичка близина.
- Ми треба и разговор и тишина.
- Заслужувам да живеам во чист и среден простор.
- Дејствувам со љубов.
- Не морам да останам во тешка ситуација – има излез.
- Не се преправам дека сум нешто друго.
- Не ми треба туѓо одобрување за да знам дека вредам.
- Не брзам – си давам време.
- Ги прифаќам промените и можностите што ги носат.
- Прифаќам дека не мора веднаш да имам одговори.
- Се движам кон она што ме привлекува.
- Стигнав подалеку отколку што мислев.
- Имам сè што ми треба за да успеам.
- Давам поддршка и ја добивам назад.
- Во мене има мудрост.
- Отворена сум за изобилство.
- Си го исполнувам животот со уметност и музика.
- Оставам простор за спонтаност.
- Го пуштам она што не можам да го контролирам.
- Со радост гледам кон утрешниот ден.
- Не се оправдувам за тоа што го сакам.
- Се водам по интуиција и срце.
- Си дозволувам да тагувам кога треба.
- Се негувам со убави зборови и добра храна.
- Благодарна сум за тоа што го имам.
- Ги пуштам стравовите што ме кочат.
- Го почитувам природниот ритам на животот.
- Го барам убавото во секојдневието.
- Бирам радост наместо совршенство.
- Искрено кажувам што ми треба.
- Ја негувам радоста – својата и туѓата.
- Ги прифаќам промените што доаѓаат со годините.
- Го прифаќам тоа што е.
- Си дозволувам да се менувам.
- Кога пуштам, отворам простор за ново.
- Го прифаќам моето тело какво што е токму сега.
- Моето тело заслужува грижа.
- Моите чувства се важни.
- Отворена сум да побарам и да примам помош.
- Моето срце ме води.
- Животот не е трка.
- Имам право на свое мислење.
- Моето задоволство не штети на никого.
- Мојата чувствителност е дел од мојата сила.
- Тоа што сум поинаква е моја сила.
- Кога велам „не“, се грижам за себе.
- Одморот е исто толку важен како и работата.
- Растам и во моменти кога сум смирена и не брзам.
- Во ред е да се премислиш ако доаѓа од љубов.
- Убавината е во секојдневните мали работи.
- Има место за мене.
- Имам своја улога во овој свет.
- И тишината и зборувањето имаат своја сила.
- Денес го ценам времето што го имам.
- Денес е шанса да научам нешто ново.
- Наместо страв, бирам доверба.
- Кога сум фокусирана, станувам посилна.
- Кога си простувам, се ослободувам.
- Кога ќе се ослободам од срам, се чувствувам поблиска до себе.
- Кога стојам цврсто на нозе, се чувствувам сигурно.
- Кога зборува за своите потреби, сум слушната.
- Кога сум нежна кон себе, го препознавам најдоброто во себе.
- Зборовите можат да влијаат на мене, но не ме дефинираат.