Актуелно

Што може да направат 20 минути пешачење дневно за вашето расположение и здравјето на срцето

Луѓето пешачат од различни причини. За некои тоа е дел од секојдневниот пат до работа, а за други начин да се опуштат и да го намалат стресот. Без разлика на причината, пешачењето има позитивно влијание врз здравјето. Оваа едноставна и достапна активност може да помогне и за телото и за психата, дури и ако не ги достигнувате препорачаните 10.000 чекори дневно.

Еве како само 20 минути пешачење на ден можат да го подобрат расположението и да придонесат за поздраво срце.

Како 20-минутна прошетка дневно влијае на расположението

За да разберете зошто пешачењето позитивно влијае на расположението, доволно е да замислите кратка прошетка на сонце, во природа, во пролет. Самата помисла на тоа кај повеќето луѓе предизвикува насмевка.

И науката го потврдува тоа чувство. Бројни истражувања покажуваат дека пешачењето го подобрува менталното здравје, додека неактивноста може да го наруши. На пример, утврдено е дека редовното движење ги намалува симптомите на анксиозност и депресија. Според едно истражување од 2024 година, луѓето кои прават најмалку 5.000 чекори дневно имаат помалку знаци на депресија од оние кои се движат помалку.

За повеќето луѓе, за да се достигнат 5.000 чекори потребно е повеќе од 20 минути пешачење. Сепак, тоа не значи дека пократките прошетки немаат ефект. Напротив, и 20 минути движење дневно можат значително да придонесат за подобро расположение и намалување на стресот.

Едно помало истражување од 2022 година покажало дека по прошетка од 20 до 30 минути во парк, расположението се подобрува, а нивото на стрес се намалува. Дополнително, се покажало дека престојот и движењето во зелени површини имаат поголем позитивен ефект врз менталното здравје во споредба со пешачењето во урбани, „сиви“ средини.

Зошто движењето има такво влијание врз умот? Една од причините е што физичката активност го поттикнува лачењето на ендорфини, хормони кои придонесуваат за подобро расположение и чувство на задоволство. Исто така, активниот начин на живот може да помогне во зачувување на сивата маса во мозокот, што е важно за когнитивното здравје.

Покрај директното влијание врз телото, прошетката носи и низа дополнителни придобивки. Таа ви дава можност да поминете време во природа, да поразговарате со пријател, да го подобрите сонот или едноставно да направите пауза од секојдневниот стрес. Сите овие мали моменти за себе имаат значајно влијание врз менталното здравје.

Пешачењето е дел од нашето природно движење, па затоа е очекувано дека кога редовно се движиме, тоа позитивно се одразува и на телото и на умот.

Како 20-минутна прошетка дневно го подобруваат здравјето на срцето

Кога станува збор за срцето, придобивките од физичката активност се бројни и се одвиваат на повеќе нивоа. ДДвижењето може да помогне во регулирање на крвниот притисок, подобрување на работата на срцето, здравјето на крвните садови, чувствителноста на инсулин и други важни фактори поврзани со кардиоваскуларното здравје.

Добрата вест е што не е потребен интензивен тренинг за да се почувствуваат овие ефекти. Дури и 15 минути активност дневно, во споредба со седечки начин на живот, можат значително да влијаат врз здравјето и долговечноста. Секако, колку повеќе се движите, толку поголеми се придобивките.

Кога станува збор конкретно за пешачење, дури и околу 2.800 чекори дневно можат да придонесат за здраво срце. Тоа е значително помалку од често спомнуваните 10.000 чекори и бројка што многумина можат да ја постигнат со една прошетка од околу 20 минути.

Интересно е што една континуирана прошетка од најмалку 15 минути може да има подобар ефект врз срцето отколку истиот број чекори распоредени во повеќе кратки движења во текот на денот. Истражување од 2025 година препорачува прошетките да траат најмалку 10 до 15 минути за да се извлече максимална корист за кардиоваскуларното здравје.

Како да изградите навика за пешачење

Ако сакате да го подобрите здравјето на срцето, обидете се да пешачите со малку побрзо темпо. Умерено интензивното движење дава подобри резултати и има поголем ефект врз срцето.

Идеално е да пешачите околу 30 минути во повеќето денови од неделата, при што повремено можете да забрзате со кратки интервали на побрзо одење. Но ако тоа не е изводливо, нема потреба од притисок. Секој чекор има вредност.

Воведувањето на 20-минутна прошетка во дневната рутина е одличен почеток, особено ако дотогаш сте биле помалку активни. Оваа навика може да направи значајна разлика – и за расположението, и за здравјето на срцето.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе