Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.
| 1 лажица маслиново масло |
| 1 главица кромид (сецкан) |
| 1 праз (само белиот дел, исечкан на кругови) |
| 2 чешниња лук (ситно сецкани) |
| 3 средни компири (излупени и исечкани на коцки) |
| 700 мл вода или зеленчуков бујон |
| сол и бибер по вкус |
Начин на подготовка
- Во тенџере загрејте го маслиновото масло и додадете го сецканиот кромид. Пржете неколку минути на средна температура, додека да омекне и да стане проѕирен. Потоа додадете го празот и промешајте. Оставете да се динста уште 4–5 минути, додека празот не омекне и пушти мирис.
- Додадете го лукот, промешајте кратко и веднаш потоа ставете ги компирите. Измешајте сè за состојките да се соединат, па прелијте со вода или зеленчуков бујон. Поклопете го тенџерето и оставете да врие на тивко околу 20 минути, или додека компирите не омекнат целосно.
- Кога зеленчукот е зготвен, тргнете го тенџерето од оган и изблендирајте ја чорбата додека да добиете мазна, кремаста текстура. Доколку е потребно, додадете малку топла вода за да ја прилагодите густината.
- Зачинете со сол и бибер по вкус, промешајте и вратете ја чорбата на рингла уште неколку минути само за да се загрее рамномерно.
Voila! Bon appetit!