Кога граѓаните преземаат иницијатива - еко-акција во Расадник овој викенд

Во сабота, 1 ноември, со почеток во 11:00 часот, во населбата Расадник – Кисела Вода, ќе се одржи голема еколошка акција за чистење, во организација на граѓанското движење „За почиста Македонија“.

Локацијата, која со години е запоставена и преплавена со отпад, ќе добие нов изглед благодарение на група волонтери кои сакаат да покажат дека за чиста животна средина не се потребни големи ветувања, туку мала, но искрена акција.

Организаторите порачуваат дека нивната цел е да потсетат колку секојдневната грижа за просторот околу нас е важна, особено во време кога загадувањето и несовесното однесување стануваат сè почеста слика во урбаните средини.
 

„Со тимска работа, позитивна енергија и љубов кон природата ќе го разубавиме просторот и ќе му го вратиме сјајот кој го заслужува,“ велат од „За почиста Македонија“.

Акцијата е отворена за сите граѓани кои сакаат да помогнат, а опремата за чистење ќе биде обезбедена од организаторите. По завршувањето, волонтерите традиционално ќе уживаат во неформално дружење со музика, друштвени игри и убава атмосфера – потсетување дека грижата за природата може да биде и заедничка радост.

Во изминатите години, „За почиста Македонија“ реализирaa бројни акции низ земјата, обединувајќи луѓе од различни градови со истата цел - преку волонтерство и заедничка акција да покажат дека секој поединец може да направи реална промена.

Настанот во Расадник е поддржан од dm drogerie markt, во рамки на проектот „{Заедно} до зелени идеи“, кој има за цел да поттикне граѓански иницијативи што придонесуваат кон заштита на животната средина.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе