Како да изберете соодветна облека за различни временски услови во планина

Планината секогаш носи изненадувања – едно утро може да тргнете кон врвот под јасно небо и топло сонце, а до попладне да ве пречекаат дожд, снег или силен ветер. Токму затоа, изборот на облека не е само прашање на стил или удобност, туку и на безбедност. Добро избраните слоеви можат да ја одредат разликата меѓу пријатна прошетка и непријатна борба со студот и влагата.

Првиот слој

Сè започнува со базниот слој, оној што го носиме директно на кожа. Неговата задача е едноставна – да ја отстрани влагата и да не дозволи телото да остане мокро. Памукот тука не помага, бидејќи ја задржува потта и брзо станува ладен. Многу подобар избор се синтетички материјали или мерино волна, кои ја одржуваат кожата сувa и ја регулираат температурата.

Средниот слој

Следува слојот за топлина. Најчесто тоа е флис или лесна јакна со изолација. Целта е да се задржи топлината што телото само ја создава. Наместо една дебела јакна, подобро е да имате неколку потенки слоеви – така можете да ја прилагодите облеката на промените во времето и активноста.

Надворешниот слој

Ова е вашата заштита од природата. Водоотпорната и ветроотпорната јакна е задолжителна, но важно е и да „дише“. Ако облеката не пропушта воздух, брзо ќе се почувствувате како завиени во најлонска кеса. Дури и краток дожд може да создаде проблем ако телото остане влажно подолго време, па затоа не штедете на квалитетна јакна.

Временските сценарија и облеката

Сончев ден: Лесна маица од синтетика или мерино волна, шапка со широк обод и очила за сонце. Не заборавајте и крема со заштитен фактор.
  • Дождливо време: Водоотпорна јакна и панталони, плус пластични или водоотпорни вреќички за да ги заштитите сувите резервни чорапи.
  • Студ и снег: Термо-долна облека, флис или јакна со пердуви или „пердувка“ капа и ракавици. Добри чизми со изолација се задолжителни.
  • Ветровито време: Јакна што штити од ветер и марама (баф) за лицето. Ветрот често изгледа безопасен, но во комбинација со ниски температури може брзо да ја намали топлината на телото.

Обувки, чорапи и неопходни додатоци

Чорапите од мерино волна или од технички материјали се вистински спас од плускавци и ладни стапала. Чизмите треба да бидат удобни, добро разгазени и со цврста подлога – непријатни обувки можат да ја претворат и најубавата тура во вистински кошмар. Но удобноста не завршува со обувките. Тука се и малите додатоци што често ја прават најголемата разлика: ракавици, марама, капа и очила. На прв поглед изгледаат како ситници, но во планината тие се клучни за топлина, заштита и целосна безбедност.

Заклучокот е јасен: планината е непредвидлива, но вие можете да бидете подготвени. Повеќеслојното облекување дава флексибилност, а квалитетните материјали обезбедуваат сувост и топлина. Со добра опрема, останува само да уживате во свежиот воздух и погледите, без разлика на тоа какво време ќе ве пречека.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе