Планината секогаш носи изненадувања – едно утро може да тргнете кон врвот под јасно небо и топло сонце, а до попладне да ве пречекаат дожд, снег или силен ветер. Токму затоа, изборот на облека не е само прашање на стил или удобност, туку и на безбедност.
Сè повеќе млади луѓе, особено од урбаните средини, наместо да ги минат викендите заглавени низ градските гужви, се договараат за искачување на Водно, Шара или Галичица, или пак за едноставна тура по некоја шумска патека.
Планинарење е една од најпопуларните активности која нуди комбинација на физички предизвици и можност за уживање во убавините на природата. За многу луѓе, оваа активност претставува совршен начин за бегство од секојдневните грижи и стресови, додека за други е вистинска авантура која носи чувство на исполнетост и задоволство.
Omnia.mk
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.