Секојдневие во „магла“ – што направивме (и што не) за почист воздух?

Секоја зима приказната се повторува. Мирисот на горена пластика, гума и отпад станува дел од секојдневието, а бројките во портокалово и црвено повторно се прифаќаат како нешто нормално. 

Неколку дена загадувањето е главна тема во разговорите - негодуваме, следиме апликации за квалитет на воздух, купуваме маски. Но, ентузијазмот брзо спласнува и продолжуваме да си живееме како ништо да не се случило .Како да се помируваме со тоа дека загадениот воздух е составен дел од зимата – непријатност што веќе не нè изненадува.

Проблемот што се актуелизира секоја зима

Иако често се посочува греењето на дрва како главна причина за загадувањето, вистинската слика е посложена. Во Скопје и во повеќето македонски градови, најголемиот дел од загадувањето доаѓа од неконтролираното горење отпад,, диви депонии и недоволната инспекциска контрола врз фабриките. 

Контролата постои само на хартија. Секогаш се најавуваат „засилени инспекции“ и казни но вистинските промени ги нема. 

Секоја зима слушаме за краткорочни мерки – забрана за движење на стари возила, ограничување на сообраќајот, или совети да не се излегува навечер или кога воздухот е многу загаден. Но, кога проблемот е системски, советите не се доволни.

Но, кога проблемот е системски, совети не се доволни.Потребата од долгорочна стратегија, постојано следење и едукација и натаму останува во сенка.

Живот во магла или колективна апатија

Можеби најтешкиот дел од оваа приказна не е мирисот, туку тишината. Луѓето се изморени од институциите кои ги повторуваат истите ветувања, и од медиумите кои пишуваат идентични текстови секоја година.

Со тек на време, свесноста се претвора во рамнодушност. Повеќе не го забележуваме воздухот што го дишеме, ниту очекуваме дека нешто ќе се смени. Оваа колективна апатија е можеби најтоксичниот дел од загадувањето. Таа не доаѓа од фабрички оџаци, туку од чувството дека ништо не зависи од нас.

Додека тивко се помируваме со состојбата, здравјето се спомнува само кога ќе се појават статистики за респираторни заболувања или кога педијатрите предупредуваат дека децата се најизложени. Но, никој не поставува прашања за одговорност. Воздухот, очигледно, нема сопственик.

Можеби не можеме сами да го исчистиме воздухот, но можеме да создадеме култура во која загадувањето не се прифаќа како „нормално“.

Што можеме да направиме додека го чекаме системот?

Иако поединецот не може сам да го промени системот, секој свесен избор во личните навики придонесува кон заедничката промена и може да биде дел од решението. Во домот, редовното проветрување во часови кога индексот на загаденост е понизок, поставување растенија што апсорбираат нечистотии и користење прочистувач може да ја намалат изложеноста на отровните честички.

Надвор, секое користење на јавен превоз или споделено возење значи помалку издувни гасови. Граѓанските иницијативи за садење дрвја или чистење на диви депонии не се само симболични – тие покажуваат дека општествената промена почнува од најмалите чекори.

Но вистинската промена не завршува со личните навики, таа почнува кога тие ќе станат заедничка волја.

Воздухот како огледало на колективната одговорност

Воздухот што го дишеме не е само показател за еколошка состојба, туку и за зрелоста на едно општество. Колку повеќе се навикнуваме на загадувањето, толку повеќе се откажуваме од сопствената моќ да бараме промени.
Чистиот воздух не е луксуз, туку право – и за да го оствариме, потребна е заедничка одговорност.
Кога граѓаните се здружуваат, кога бараат одговорност и инсистираат на долгорочни решенија, институциите немаат избор освен да реагираат. Секоја јавна иницијатива, приклучување кон здружение, мирен протест или организиран притисок кон институциите е дел од процесот што го движи општеството напред. Колку повеќе граѓани активно се вклучуваат, толку потешко е проблемите да останат игнорирани.

Загадувањето е заеднички проблем што бара заедничко дејствување. И можеби првиот вистински чекор кон почист воздух е токму повторното будење на таа свест дека промената не паѓа од небо, туку од луѓето кои одлучуваат да не молчат.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе

Паста со брокула и сос од кокос

Ако барате брз и здрав оброк кој е идеален за секоја пригода, тогаш оваа паста со брокула и сос од кокос е вистинскиот избор за вас. Овој вегански рецепт е лесен за подготовка, здрав и вкусен – совршен за љубителите на здравата храна.

Прочитај повеќе