Актуелно

Одење на нагорнина (incline) или трчање - кој тренинг дава подобри резултати?

И трчањето и одење на лента со наклон (incline) се ефикасни кардио активности што помагаат во согорување калории и намалување на маснотиите. Тешко е да се даде едноставен одговор на прашањето која од овие две активности е подобра. Сѐ зависи од целта, кондицијата и тоа што најмногу ви одговара.

Трчањето согорува повеќе калории за пократко време

Ако сакате побрзо да потрошите повеќе калории, трчањето има предност. Тоа е поинтензивна активност и го става телото под поголем напор, што придонесува за подобрување на издржливоста на срцето и белите дробови.

Во една помала студија од 2025 година се споредува популарниот тренинг „12-3-30“ (лента со наклон од 12%, брзина од околу 4,8 km/h, во траење од 30 минути) со трчање на лента. Резултатите покажале дека за да се потрошат исто калории, одењето на нагорнина мора да трае подолго во споредба со трчањето, иако одењето по нагорнина има поголем ефект врз согорувањето масти.

Одењето на нагорнина е полесно за зглобовите

Одењето на нагорнина се издвојува како полесна опција за телото. Има помало оптоварување врз зглобовите, што го прави добар избор за луѓе со здравствени ограничувања или за оние што закрепнуваат по повреда.
Кај повозрасни лица или луѓе со проблеми како артритис, трчањето може да биде премногу напорно. Во тие случаи, одењето на нагорнина е побезбедна алтернатива.

Дополнително, според истражување од 2024 година, одењето на нагорнина може да придонесе за поздрави колена кај постарите лица, благодарение на подобрата мускулна сила и поголемата подвижност.

Иако трчањето е поефикасно за развој на кардиоваскуларна издржливост, тоа не значи дека автоматски е подобро за намалување на ризикот од срцеви заболувања. Најважно е да се избере активност што може да се практикува редовно.

Кои мускули се активираат?

И трчањето и одењето на нагорнина ги активираат мускулите на долниот дел од телото, вклучувајќи ги глутеусите, квадрицепсите, задните бутни мускули, листовите, стабилизаторите на колковите и мускулите на трупот.

Одењето на нагорнина, особено на поголем наклон, повеќе ги активира задните мускулни групи, како глутеусите и задните бутни мускули. Причината е што телото работи против гравитацијата при движење нагоре.

Ова го прави одењето на нагорнина одличен избор за зајакнување на овие мускули со помало оптоварување.
Трчањето, пак, повеќе ги ангажира предните бутни мускули. Освен ако не станува збор за спринт, глутеусите не се вклучуваат во толкав степен.

Како да започнете со одење на нагорнина или трчање?

Ако штотуку почнувате, важно е да стартувате постепено за да избегнете повреди.

За одење на нагорнина:

  • вежбајте 3 до 5 пати неделно
  • траење од 20 до 30 минути
  • одржувајте умерен интензитет
Напредувајте постепено, зголемувајќи ја или брзината или времетраењето, но не двете истовремено.
Кај почетниците може да се појави болка во потколениците, па затоа е важно добро загревање, истегнување и носење соодветни патики.

За трчање:

  • комбинирајте трчање и одење
  • одржувајте темпо при кое можете да зборувате без проблем
  • постепено зголемувајте го интензитетот
Обрнете внимание како се чувствувате по тренингот. Ако болката трае повеќе од 24 часа, веројатно сте претерале. Подобро е да се напредува чекор по чекор отколку да се преоптовари телото и да се прават долги паузи.

На крајот, најдобриот тренинг е оној што можете да го одржувате на долг рок и кој одговара на вашето тело и начин на живот.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе