Што се случува со телото кога не пиеме доволно вода?

Иако водата е една од најосновните потреби на организмот, многу луѓе поминуваат добар дел од денот без да забележат дека не се напиле ниту една чаша. Работните обврски, брзањето и навиката да се посегне по кафе или сок често прават да заборавиме да се напиеме вода. Телото реагира релативно брзо кога нема доволно течности, но во почетокот ретко обрнуваме внимание на тоа.

Првите промени што треба да ги забележиме

Првиот знак што често се јавува е заморот. Кога телото нема доволно течности, енергијата опаѓа побрзо и се појавува чувство на тежина во телото. Многу луѓе во вакви моменти чувствуваат и главоболка, која лесно се поврзува со напорниот ден, неспиење итн. иако понекогаш причината е само недостиг на вода. 

Со дехидрацијата се менува и кожата. Таа станува посува отколку што е вообичаено, а кај некои луѓе се појавува чувство на затегнатост. Кожата многу брзо реагира на недостаток на течности, бидејќи водата е потребна за одржување на нејзината природна заштитна бариера.

Внатрешни промени што следуваат подоцна

Кога телото не добива доволно течности, варењето станува побавно. Тоа често предизвикува чувство на тежина, надуеност или нередовност, бидејќи организмот се обидува да работи со малку повеќе напор од вообичаено. Организмот се обидува да ја задржи водата што ја има, што дополнително го успорува дигестивниот процес.

Однесувањето и расположението исто така се менуваат. Недостатокот на вода влијае на концентрацијата и вниманието, што резултира со расеаност или раздразливост. Телото функционира подобро кога е хидрирано, а тоа се чувствува и во менталната јасност.

При физичка активност, телото побрзо се заморува кога нема доволно вода. Пулсот се забрзува, а мускулите потешко се опоравуваат. Кај некои луѓе може да се појават и грчеви, бидејќи телото потешко ја одржува потребната рамнотежа.

Како да се подобри хидратацијата во текот на денот?

Не мора да се прават големи промени за телото да ја добие потребната количина вода. Почетната точка е едноставна - водата треба да биде присутна во текот на денот, а не само кога чувствуваме жед. Жедта често се јавува подоцна од потребата, па многумина ја „прескокнуваат“ хидратацијата без да забележат.

Корисна навика е да се има чаша или шише вода на видно место, бидејќи тоа  не потсетува да пиеме почесто. Многу луѓе внесуваат повеќе вода ако ја држат на работното место или во чантата.

Друг практичен начин е пиење вода пред секој оброк. Тоа не само што го зголемува дневниот внес, туку и му помага на организмот во варењето. Некои луѓе полесно се придржуваат до ова ако ги врзат пиењето вода со рутина што веќе ја имаат, како утринските подготовки или паузите на работа.

Храната исто така може да помогне. Овошјето и зеленчукот што содржат поголема количина вода, како краставици, домати, јаболка или цитрусно овошје, придонесуваат кон дневната хидратација. Ова е корисно особено во периоди кога сме под стрес или кога надвор е топло, бидејќи тогаш организмот губи течности побрзо.

Кога телото добива доволно вода, тоа се чувствува во текот на целиот ден. Концентрацијата е појасна, енергијата е порамномерна, а многу луѓе забележуваат и подобрување во расположението. Малите редовни навики често носат поголем ефект отколку ретки и големи напори.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Веганска супа со лимонова трева и тофу

Оваа супа со лимонова трева и тофу е вкусен и хранлив оброк што лесно се подготвува. Има богат вкус, а состојките ѝ даваат посебен карактер. Одлична е за ручек или вечера, особено кога ти се јаде нешто топло и лесно.

Прочитај повеќе

Крем супа од печурки

крем супа од печурки

Прочитај повеќе

Муџадара (леќа + ориз)

Муџадара е традиционално јадење од Блискиот Исток со леќа, ориз и пржен кромид. Се подготвува лесно, а вкусот е топол и богат – одличен избор за ручек или вечера.

Прочитај повеќе