7 здравствени придобивки од бананите

Тешко е да најдеш кујна без банани. Без разлика дали ги јадеш за појадок, во смути или како ужинка во движење – бананите се секогаш тука кога ти треба нешто брзо, вкусно и здраво. Но зад нивниот познат вкус и мека текстура, се крие цел арсенал на придобивки што често ги занемаруваме.

7 Придобивки од бананите

Бананите се овошје кое е полно со витамини, а корисните хранливи материи во нив се чувари на здравјето. Тие се едни од нај консумираните овошја во светот, со добра причина.

  1. Борба против грчеви – минералните недостатоци се честа причина за грчеви во мускулите. Со консумирање на производи богати со калиум и магнезиум, како бананите, истите можат да бидат спречени.
  2. Спречување на болести на бубрезите – храната што содржи доволно калиум помага во спречување на појавата на камења во бубрезите. Според едно истражување, редовно консумирање на банани исто така може да ја намали можноста од малигни заболувања на бубрезите за 40%.
  3. Силно срце – исхрана богата со калиум се препорачува на оние кои имаат висок крвен притисок и кои се подложни на кардиоваскуларни заболувања. Дневна консумација од  2 до 3 банани го намалува ризикот од срцеви проблеми за 26%.
  4. Чисти крвни садови – холестеролот е главната причина за васкуларна опструкција, што доведува до атеросклероза. Бананите содржат фитостерол кои помагаат во намалување на нивотот на холестерол во крвта, а со тоа го одржуваат здрав васкуларниот систем.
  5. Здрав дигестивен систем – бананите се препорачуваат за лицата кои имаат чирови и оние во ризичната група. Тие содржат посебен ензим кој ја зголемува секрецијата на слуз кој ги штити ѕидови на дигестивниот систем.
  6. Извор на енергија – изобилството на витамини и минерали во бананите се голем извор на енергија. Простите јаглехидрати брзо се варат и го надополнуваат изворот на енергија.
  7. За добро расположение – бананите содржат допамин или „хормонот на среќата“ и заедно со Б витамините позитивно влијаат на нервниот систем. Овие карактеристики овозможуваат бананите да бидат вклучени во листата на храна која треба да се јаде ако се чувствувате нерасположени.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе