Овие крцкави тортиљи со црвен грав и кашкавал се вкусен и едноставен оброк што лесно ќе го подготвите дома. Совршени се за брз ручек или вечера, а комбинацијата од зачинет грав, растопен кашкавал и златно-пржена тортиља ги прави неодоливи – особено ако ги послужите со омилен сос или свежа салата.
Потребни состојки
| тортиљи |
| 500гр. црвен грав |
| 115гр. рендан кашкавал |
| сончогледово масло |
| 2 чешниња лук |
| чили зачин |
| сол |
Начин на подготовка
- За почеток сварете го црвениот грав.
- Во сад на оган во сончогледово масло, ставете го лукот да се пропржи.
- Додајте го претходно сварениот грав, чилито и сол по вкус. Пропржете уште 5 минути. Испасирајте ја смесата додека не стане хомогена.
- На едниот крај од тортиљите ставете од смесата со гравот, одозгора изрендајте кашкавал и свиткајте ги.
- Во сад на оган додајте малку сончогледово масло и ставете ги тортиљите да се пржат 3-4 минути на секоја страна, доволно за кашкавалот да се стопи и да бидат крцкави.
- Тортиљите, доколку не сакате да ги пржите, можете да ги испечете 10-тина минути на 180⁰C.
Voilà! Bon appétit!