Оваа свежа салата со киноа и сезонски зеленчук е одличен избор кога сакате лесен, но хранлив оброк. Богата со растителни влакна, витамини и здрави масти, таа е идеална како самостоен оброк или прилог, особено во летните денови.
Потребни состојки
| 1/2 црвен кромид |
| 1 крaставица |
| 2 црвени пиперки |
| коријандер (свеж) |
| 150гр сварена киноа |
| маслиново масло |
| 1/2 сок од лимон |
| сол и бибер |
Начин на подготовка:
- Во поголем сад исецкајте ги кромидот, краставицата, пиперката и коријандерот.
- Киноата сварете ја на тивок оган 20тина минути. Кога ќе биде готова, исцедете ја водата во која се варела и оставете ја да се олади.
- Потоа додадете ја во садот со зеленчукот. Додајте сол и бибер, маслиново масло, сок од пола лимон, промешајте и послужете.
Voila! Bon appetit!