Оваа лесна летна паста со домати, маслинки и фета сирење е совршена кога сакате оброк што се подготвува брзо, а сепак изобилува со вкус. Комбинацијата од свежи состојки, ароматични зачини и маслиново масло ја прави оваа паста идеален избор за ручек или вечера во топлите денови.
Потребни состојки
| паста (шпагети или макарони по избор) |
| 3 домати (сецкани) |
| 100гр. каламата маслинки |
| 80гр. фета сирење |
| свеж босилек |
| магдонос |
| сол и бибер |
| маслиново масло |
| 2 чешниња лук (ситно сецкани) |
Начин на подготовка
- Во поголем сад ставете ги исецканите домати, фета сирењето, исецканите маслинки, магдоносот и свежиот босилек. Зачинете со сол и бибер. Ставете го садот во фрижидер да се олади додека ја варите пастата.
- Одберете по желба шпагети или макарони и кога ќе ги сварите, исцедете ги и измијте ги со ладна вода. Во длабок сад на оган загрејте го маслиновото масло и додајте го ситно сецканиот лук. Пропржете неколку минути и додајте ја пастата.
- За крај извадете го садот со зеленчук од фрижидер и додајте ја пастата. Промешајте убаво и послужете.
Voilà! Bon appétit!