Зошто треба барем еднаш во животот да одите на јога ретрит?

Јогата навлегува длабоко во нашите животи, особено сега кога темпото на живот е брзо и се соочуваме со многу стресови во секојдневието. Сепак, многумина се жалат дека не можат редовно да посетуваат часови јога, поради недостаток на време и многу обврски. Е токму поради тоа, треба да посетите јога ретрит.

Зборот ретрит доаѓа од англиските збор „retreat“ што во превод значи „тивко или повлечено место каде што може да доживеете внатрешен мир и опуштање“ и токму тоа се случува таму.

Во продолжение повеќе за причините зошто е добро барем еднаш во животот да посетите јога ретрит.

Поврзување со природата

Јога ретритите се одржуваат најчесто во природа. Знаете зошто? Бидејќи животната енергија или „праната“ најмногу ја има во природа (на планина, во шума, на море или езеро). Самата посета на овие места е одлична, но на јога ретритите се практикуваат и техники на дишење, со што дополнително овозможуваме нова свежа енергија да влезе во нас со што се балансираме и полниме со енергија. Ова е најуспешниот и најбрзиот начин како да се дојде до нова енергија. Динамичниот живот во кој живееме денес, за жал, негативно влијае врз нашата природна витална енергија, а со тоа и врз нашето здравје и долговечноста.

Дигитален детокс

Одењето на јога ретрит не ве спречува да ги користите вашите дигитални уреди (мобилен, компјутер, таблет), но за вас е одлична можност да направите повлекување од дигиталната зависност и да го детоксифицирате вашиот ум. Јога ретритот е совршен изговор да се исклучите од технологијата и да се вклучите во животот. При повлекувањето, можете да поминете извесно време со себе, без постојана потреба да ги проверувате известувањата или да трошите многу време на социјални мрежи. На јога ретритот го подмладувате вашето тело и си ја посветувате цела недела само за себе со цел подобрување на вашиот ум и тело.

Анализа на квалитетот на својот живот

Бидејќи таму ќе имате време да се повлечете во себе, ќе можете да направите интроспекција на својот живот, на односите со другите луѓе, работата, и со тоа да извршите само-анализа на вашиот живот. На јога ретритот многу полесно ќе може да донесете одлука за себе или за својот живот, како и за патот по кој сакате да продолжите да чекорите. Таму тоа е полесно бидејќи вашиот ум и вашите емоции преку редовното вежбање јога ќе бидат во баланс и со тоа вашите одлуки ќе бидат длабоки и значајни за вас.

Запознавање со основите на јогата

Посетата на јога ретрит овозможува да ги научите основите на јогата од најдобрите и најинспиративните инструктори. Таму можете да најдете време да поразговарате со инструкторите и да побарате мислење за подобрување на вашата состојба и вашето тело. Со учество на јога часовите вие ќе ги почувствувате границите на вашето тело и ќе научите вежби со кои ќе ја зголемите својата еластичност и физичка спремност.

Смирување на умот

Умот е како машина која непрестајно врти. Кога машината работи премногу, таа се презагрева. Истото важи и за вашиот ум. Премногу мисли прават да умот се прегрее што во крајна линија доведува до вознемиреност, несоница, константен умор, агресија, депресија или друго. Медитацијата е редовна практика и е дел од програмата на јога ретритите. Таа ги смирува мислите и ја урамнотежува левата и десната хемисфера на мозокот. Кога имате контрола над мисловниот процес во вашиот ум, лесно може да добиете одговор на било кое прашање или проблем кој ве мачи. Медитацијата ви помага да ги искористите сите ваши мисли и да ги канализирате за да добиете подобар фокус во животот.

Физичко, ментално и емоционално здравје

Јога ретрит е совршено место за лекување на вашите физички, ментални и емоционални болести. Јога вежбите кои таму се практикуваат се повеќе од добри за подобрување на целокупната ваша состојба и здравје. Препуштајќи се себеси на вежбањето и на природата, е добар начин за да го пронајдете коренот или причината на вашите проблеми. Јогата може да ги намали симтомите на депресија или стрес и при тоа влијае врз зголемување на вашата самодоверба и верба во светот околу вас.

Соочување со стравовите на јога ретрит

Повеќето од нас носат во себе различни стравови. Тие можат да бидат поврзани за работата, парите, партнерите, смртта итн. Јога ретритите се совршено место за соочување со вашите стравови. Таму се постигнува внатрешен баланс и мир преку редовното практикување на јога вежби и медитација, увид во внатрешните содржини, контакт со потсвеста, а преку сè тоа можете да се поврзете со вашето духовно јас или со повисоката Свесност која лежи во секој еден од вас, со чија помош можете да се соочите со сите ваши стравови.

Здравата исхрана

Јогата се поврзува со сатвичка или вегетаријанска/веганска храна, што е одличен детоксификатор за вашето тело. Храната ги намалува негативните јони во вашето тело и го отстранува секој несакан елемент. Храната помага во лекувањето на разни здравствени заболувања. Нашето здравје е во голема мера поврзано со храната што се консумира. На јога ретритите се јаде најчесто вегитаријанска храна со изобилство на зеленчук и овошје со цел целосна детоксификација на вашето тело. А во здраво тело, може да лежи само здрав дух.

Нова перспектива на животот

На јога ретритите преку креативните визуелизации и водените медитации го визуелизирате својот живот од поинаква перспектива. Вашите вештини за анализирање се зајакнуваат, вашата креативност се зголемува, вашата радост расте. Таму лесно ќе може да ги најдете позитивните аспекти на својот живот и да направите подобри идни избори за себе и за својата околина.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе

Паста со брокула и сос од кокос

Ако барате брз и здрав оброк кој е идеален за секоја пригода, тогаш оваа паста со брокула и сос од кокос е вистинскиот избор за вас. Овој вегански рецепт е лесен за подготовка, здрав и вкусен – совршен за љубителите на здравата храна.

Прочитај повеќе