Прана е санскритски збор кој се преведува како „животна енергија“. Станува збор за антички концепт и се спомнува во многу јогиски хинду списи и текстови, како што се Упанишадите. Животната енергија – тоа е самата наша природа. Ние сме создадени од животната енергија, ние се состоиме од неа. Струењето на воздухот е струење на животната енергија. Процесите на струење на воздухот и струењето на животната енергија се неразделни еден од друг.
Правилно дишење значи да завладееме со животната енергија. Оттука, правилното дишење може да стане еден од најдобрите исцелители. Кога дишеме правилно се поистоветуваме со целиот свет околу себе, го чувствуваме единството со сето она што не опкружува, со целиот Универзум.
Во традиционалната кинеска медицина животната енергија, прана позната е под името „чи“ или „ки“ (Qi).
Од животната енергија (прана) е составен целиот свет.
Нашиот свет е преполн со животна енергија. Таа е насекаде околу нас, таа е надвор и внатре во нас. Животната енергија го проткајува целиот Универзум. Од неа се составени сите нешта – сите предмети, сите битија, животните, билките и човекот. Од неа е составено исто така и она што е невозможно да се види со очите, што е невозможно да се почувствува со сетилата – желбите, инстинктите и мислите.
Создавањето на светот – придвижување на животната енергија
Се смета дека создавањето на светот настанало како последица на придвижувањето на животната енергија која претходно била инертна. Преминувајќи во движење, таа се менувала, од неподвижна и провидна во творечка и така почнале да се создаваат формите. Кога праната се концентрира, добиваме допирливи и видливи форми, односно доаѓа до нејзино отелотворување. Од помалку концентрираната прана се состојат посуптилните нешта – мислите, чувствата, инстинктите.
Човекот не би можел да направи ниту едно едно движење, доколку во него не постои прана, животна енергија. Таа ги поттикнува вибрациите на срцето, ја движи крвта во артериите, помага во варењето на храната и е во секое вдишување и издишување. Оваа енергија дејствува врз нас и тогаш кога размислуваме, кога нешто чувствуваме, кога нешто посакуваме.
Правилно дишење
Правилното дишење подразбира целосно исполнуање на белите дробови со воздух. Вдишувајќи воздух ние истовремено вдишуваме и животна енергија. На тој начин животната енергија допира до секоја клетка. Недостигот на кислород во организмот може да создаде многу болести. Со правилно дишење доаѓа до исцелувачка масажа на сите внатрешни органи, особено на органите во стомачната празнина.
Правилно дишење подразбира осум до дванаесет вдишувања/издишувања во минута. Премногу зачестеното дишење е неправилно и е последица од непривилната работа на белите дробови. Поради неправилното дишење, белите дробови добиваат сосема малку воздух.
Јога дишење
При правилно дишење градите се подигаат сами од себе , без дополнителен напор. Се подигаат рамномерно и едвај забележливо. Дијафрагмата се придвижува, а поради тоа при дишењето се подигнува и вовлекува стомакот многу позабележливо отколку градниот кош. Имено, треба да се започне со издишување, при што стомакот се контрахира до истиснување на целиот воздух. При вдишување се подигнува стомакот, се шират и подигнуваат ребрата и на крај се подигнува градната коска. Издишувањето е по обратен редослед. Ваквиот начин на дишење е познат како правилно дишење, јога дишење или идеално дишење.
Ако научиме да го контролираме дишењето, ние во свои раце ја преземаме контролата над жиотната енергија во својот организам, а тоа значи и над своето здравје. Имајќи ја контролата над својата ментална состојба ние се контролираме себеси – своето расположение и емоциите.
Негативна енергија
Праната е здрава, хармонична енергија. Но, во светот постои уште една енергија која е нездрава или негативна енергија. Оваа енергија не доаѓа од природата, туку од човекот. Сета негативна енергија човекот ја создава внатре во себе. Таа енергија ја потиснува исцелувачката животна енергија. Оваа енергија се создава како реултат на негативни мисли, гнев, страв, тага, немир, неспокојство, потиснување и неприродна радост. Сите овие појави предизвикуваат болести и несреќи од секаков вид.
Поголемиот дел од луѓето дишат така што пренесуваат сосема мала количина на воздух во белите дробови. Не и овозможуваат на животната енергија слободно да циркулира во телото и да стигне до секоја клетка. Токму поради тоа луѓето се разболуваат, страдаат и умираат предвреме.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.