Чоколадни тартуфи со авокадо

Домашни тартуфи кои се подготвуваат лесно, а изгледаат како од слаткарница. Совршени се кога ви треба нешто благо, но со малку состојки и без печење.


Потребни состојки

200гр. црно чоколадо
50гр. авокадо
½ лажичка ванила екстракт
малку сол
2 лажици какао во прав

Начин на подготовка

  1. Црното чоколадо стопете го на тивок оган. Во него додајте малку сол и екстакт од ванила.
  2. Во меѓувреме додека чоколадото се топи на оган, излупете го и и изгмечете го авокадото, додека не добиете хомогена смеса.
  3. Смесата од авокадо додајте го во стопеното чоколадо, убаво промешајте додека не се изедначи.
  4. Ставете ја смесата во фрижидер да се олади 20-тина минути.
  5. Од изладената смеса формирајте топчиња и валкајте ги во какао прав.
  6. Чоколадните тартуфи повторно ставете ги во фрижидер уште 30тина минути за да се оладат.

Voilà! Bon appétit!

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе