Полнети печурки

Овој рецепт е лесен за подготовка и добар избор кога сакате да подготвите нешто малку поинакво. Полнетите печурки можат да се сервираат како лесен оброк или додаток на главното јадење.

Потребни состојки

16 свежи шампињони (поголеми)
150гр. хопла
50гр. пармезан
1 чешне лук
170гр. спанаќ
1 лажица маслиново масло
сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Отстранете ги стеблата од печурките и поставете ги на харија за печење.
  2. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени.
  3. На тава на среден оган, додајте го маслиновото масло и ситни исецканиот лук. Пропржете малку па додајте го исчистениот спанаќ. Убаво проржете додека спанаќот не омекне.
  4. Во друг сад ставете ја хоплата, пармезанот и зачините. Додајте го спанаќот и убаво промешајте да добиете хомогена смеса.
  5. Наполнете ги печурките и ставете ги да се печат во претходно загреаната рерна. Печете 20-тина минути.

Оставете ги печурките да се оладат 5 до 10 минути пред послужување.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.