Чорба од леќа

Чорбата со леќа е класика рецепт што секогаш добро доаѓа – топла, хранлива и лесна за подготовка. Добра е за денови кога сакате нешто едноставно, а вкусно.

Потребни состојќи

240гр. леќа
425гр. сецкани домати
маслиново масло
1 целер
1 морков
1/2 кромид
3 чешниња лук
коцка од зеленчукова супа
сол и бибер
ловоров лист
малку мајчина душица
1 лажица вински оцет
60гр. спанаќ

Начин на подготовка

  1. Загрејте го маслото во големо тенџере на средна температура, околу 3 минути. Додадете ги исецкани целерот, морковот и кромидот и мешајте повремено, додека не омекне зеленчукот, околу 10 минути. Додајте го лукот и мешајте уште околу 1 минута. Додадете сол и бибер.
  2. Додадете ја коцката зеленчукова супа со околу 1 литар вода, доматите, леќата и мајчината душица и промешате убаво. Покријте и оставете 15-тина минути додека не почне да врие. Кога ќе почне да врие супата, намалете ја температурата и оставете ја уште минимун 15-тина минути убаво да се свари леќата и зеленчукот.
  3. Пробајте ја чорбата и додадете сол и бибер по желба, па додадете го оцетот. Промешајте убаво, па додадете го спанаќот додека не омекне.

Voilà! Bon appétit!

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе