Лесна и вкусна вегетаријанска верзија на полнети бабури со ориз, грав и зеленчук. Совршен избор за домашен и балансиран оброк.
Потребни состојки
| 4 бабури |
| 300гр. ориз |
| масло за готвење |
| ½ црвен кромид |
| 2 главички лук |
| 100гр. црн или црвен грав |
| 20гр. пченка |
| 2 лажици доматен сос |
| ½ лажичка оригано |
| сол и бибер |
Начин на подготовка:
Исчистете ги и испразнете бабурите. Во сад со вода ставете го оризот да се вари. Во меѓувреме пропржете го кромидот, додајте го ситно сецканиот лук, пченката и гравот. Додајте го сварениот ориз, доматниот сос, ориганото, сол и бибер и промешајте убаво. Наполнете ја секоја бабура со смесата. Печете на 180 степени, 25-30 минути или додека бабурите не омекнат.
Voilà! Bon appétit!