Кремаста супа од карфиол

Крем супа од карфиол е едноставно јадење кое лесно се подготвува. Добра опција е кога сакате нешто лесно, топло и домашно.


Потребни состојки

1.5 литри вода
1 карфиол
1 кромид
4 чешниња лук
малку маслиново масло
свеж рузмарин (или сушен)
магдонос
сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Во лонец ставете ја водата, карфиолот и рузмаринот.
  2. Додајте го исецканот кромид и лук. Варете додека карфиолот не омекне.
  3. Кога карфиолот ќе омекне ставете го во блендер и додадете малку од водата за да се добие кремаста супа.
  4. Послужете со длабоки садови со малку маслиново и магдонос.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.