Вегански медитерански врап

Веганскиот медитерански врап е свеж и едноставен оброк што не бара готвење. Добар избор за ручек или вечера, особено во потопли денови.

Потребни состојки 

свежа краставица
домат
црвен кромид (половина, ситно исецкан)
пиперка
каламата маслинки
540гр. наут (од тегла)
200гр. јогурт (вегански)
свеж копар
1 главичка лук
малку сок од лимон
марула
4 тортиљи
сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Половина од краставица изрендајте ја и посолете ја. Ставете го во цедалка над сад и оставете го да се исцеди додека го сечкате останатиот зеленчук.
  2. Другата половина од краставицата исто така исечкајте ја на коцки. Комбинирајте ја краставицата, доматот, црвениот кромид, пиперката и каламата маслинките исечкани на коцки.
  3. Наутот исцедете го, измијте го и ставете го во сад. Издробете го со раце или со вилушка.
  4. Од ренданата краставица исцедете што повеќе вода. Во сад измешајте ја ренданата краставица, веганскиот јогурт, копарот, лукот, сокот од лимон и малку сол и бибер.
  5. Додадете 3 супени лажици од подготвениот зазики (ѕаѕики) сос во искршениот наут заедно со малку сол и бибер. Добро измешајте.
  6. На тортиљите наредете марула, преостанатиот издробен наут, мешаниот зеленчук исечкан на коцки и додајте од сосот зазики. Ако сакате, тортиљите можете да ги стоплите во сува тава на средно-висока температура.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.