Нудли со брокула и тофу

Нудлите со зеленчук и маринирано тофу се одличен избор за оброк кој е лесен, вкусен и малку поразличен од вообичаеното. Подготовката е едноставна, а резултатот е свежо и вкусно јадење.

Потребни состојки

нудли
300гр. тофу
брокула
2 моркови
2 млади кромитчиња
свеж босилек
свежо нане
малку сусамово масло
сусам
60мл. тамари сос
алкохолен оцет ( 2 лажички)
2 главици лук
ѓумбир
буковец

Начин на подготовка на нудли

  1. Исцедете го тофуто и оставете го на страна неколку минути за да се исцеди водата. Во меѓувреме подгответе ја маринадата. Во плиток сад со средна големина ставете го тамари сосот, винскиот оцет, маслото од сусам, исецканиот лук, изренданиот ѓумбир и буковецот. Промешајте убаво. Тофуто исечете го на коцки и маринирајте го во претходно подготвената маринада. Оставете го некое време додека не се стегне и упие од маринадата.
  2. Во меѓувреме сварете ги нудлите и исплакнете ги со ладна вода за да се оладат. Брокулата, мкадиот кромид, морковот, босилекот и нането исечкајте ги.
  3. Ставете ги нудлите малку да се проржат на сончогледово масло и додајте го исечканиот зеленчук. Додадете го и сусамот. Промешајте убаво и на крај додадете го маринираното тофу. Промешајте убаво и сервирајте во длабоки чинии.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.