Веганска Мусака

Веганската мусака е вкусна алтернатива на традиционалната верзија, подготвена без месо и млечни производи. Оваа варијанта користи свеж зеленчук и лесен доматен сос, и се приготвува во неколку едноставни чекори.

Потребни состојки

450гр. домати
модар патлиџан
200гр. печурки
100гр. доматен сос
2 чешниња лук
црвена пиперка (бабура)
100гр. јогурт (вегански)
50гр. таан
коријандер
сол и бибер
маслиново масло

Начин на подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 250 степени. Обложете го тавчето со хартија за печење. Рамномерно ставете ги исечените парчиња модар патлиџан. Намачкајте со малку маслинов масло и печете 20 минути или додека модриот патлиџан не добие златно кафена боја.
  2. Додека модриот патлиџан се пече, загрејте сад за пржење на среден оган, додајте малку маслиново масло и пропржете го лукот неколку секунди а потоа додајте го доматниот сос и зачините. Додајте ги исечканите домати и оставете го сосот да зоврие 10тина минути.
  3. Во друго сад загрејте маслиново масло и додајте лук, печурки и црвена пиперка сечкана на ленти. Пржете 5-6 минути или додека печурките не ја изгубат влажноста и додека пиперката не омекне. Кога ќе бидат готови оставете ги на страна.
  4. Во тава за печење прво намачкајте една полна лажица сос од домати. Наредете неколку парчиња модар патлиџан за да го покриете дното од тавата. Потоа додајте од зеленчукот, па од сосот и повторете неколку пати додека не се потрошат состојките. Печете 15тина минути
  5. Во меѓувреме додека мусаката се пече, промешајте го веганскиот јогурт со таан и додајте зачини по вкус. Кога мусаката ќе биде готова сервирајте ја со сосот од јогурт и таан.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе