Здравствени придобивки од матча (matcha)

Матча е вид зелен чај во прав кој е богат со антиоксиданси. Со традиционалниот зелен чај, листовите се потопуваат во топла вода и потоа се фрлаат. Но, со матчата, сувите листови всушност се мелат во прав, се мешаат во пијалокот и се консумираат. Чајот има уникатен, негорчлив вкус и живописна зелена боја и се смета за најароматична форма на зелен чај.

Придобивки

Многу научни истражувања откриваат бројни здравствени придобивки од консумирање на матча. Иако голем дел од истражувањата се направени за зелениот чај, придобивките се однесуваат и на матча, бидејќи таа се прави од целите лисја на зелениот чај. 

Може да помогне во борбата против депресијата

Едно истражување во Јапонија со учесници на возраст од 20 до 68 години покажало дека, споредбено со лицата кои пиеле помалку од една шолја матча чај дневно, оние кои пиеле повеќе од четири шолји зелен чај дневно имале 51% помали шанси да имаат симптоми на депресија. 

Една постара студија од Јапонија покажала слични резултати за постарите лица. Истражувачите заклучиле дека возрасните на 70 години или постари кои пиеле четири или повеќе шолји матча чај дневно, исто така, имале 44% намалување на симптомите на депресија во споредба со оние кои пиеле една чаша или помалку дневно. 

Може да помогне во спречување на дијабетес тип 2

Некои истражувања правени на животни сугерираат дека матча може да се бори против дијабетесот помагајќи му на телото да ослободи повеќе инсулин. Инсулинот е хормон кој помага во транспортот на шеќерот во крвта во клетките за да може да се согорува за енергија. Зелениот чај, односно матча, исто така, може да влијае како клетките реагираат на инсулин и да го намали нивото на шеќер во крвта исто толку ефикасно како и некои лекови. Сепак, потребни се повеќе истражувања на луѓе за понатамошна поддршка на овие наоди.

Може да помогне за подобро функционирање на мозокот 

Зелениот чај го намалува ризикот од когнитивни нарушувања. Овие проблеми со мозокот, кои се почести по 65-тата година од животот, обично влијаат на учењето, меморијата, движењето, јазикот, вниманието и решавањето проблеми. Тие се движат од благо когнитивно оштетување до нарушувања како што се деменција, Паркинсонова болест и Алцхајмерова болест. Податоците покажаа дека колку повеќе се консумира матча, толку е поголема заштитата од такви нарушувања.

Истражувањата направени и кај животните и кај луѓето покажуваат дека матчата се бори против стресот и, пак, неговите негативни ефекти врз функцијата на мозокот и здравјето на мозокот. Исто така, помага да се потисне стареењето на мозокот.

Може да ја подобри плодноста кај мажите

Истражувањето кај здрави Кинези покажа дека оние кои пиеле чај имале поголем вкупен број на сперматозоиди и поголема концентрација на сперматозоиди – показатели за плодноста – од оние кои никогаш не пиеле чај. Зголемување на бројот на сперматозоиди е забележано кај мажите кои пиеле чај најмалку три дена во неделата .

По прегледот на веќе објавените истражувања, научниците забележале дека матча чајот содржи големи количини на полифенолни антиоксиданси. Овие антиоксиданси се спротивставуваат на соединенијата кои ги напаѓаат здравите клетки, вклучувајќи ги и оние во ткивото на тестисите. Зелениот чај исто така може да го зголеми движењето на спермата и нејзиниот капацитет да преживее.

Може да го намали крвниот притисок

Се покажало дека консумирањето на матча чај значително го намалува систолниот (горниот број) и дијастолниот (долниот број) крвен притисок. Ефектите биле уште поголеми кај луѓето со постоечки висок крвен притисок или други фактори на ризик од срцеви заболувања. Исходот делумно се должи на способноста на чајот да ги релаксира крвните садови, што го подобрува протокот на крв и го намалува воспалението.

Може да го подобри здравјето на коските

Истражувањето кај жените во постменопауза покажало дека оние кои не консумирале чај или консумирале помалку од една шолја дневно во текот на претходната година, имале поголема веројатност да имаат намалена коскена маса на ‘рбетот во споредба со оние кои пиеле чај три пати на ден.

Други истражувања покажуваат дека пиењето чај е поврзано со намален ризик од остеопороза. Ефектот најверојатно се должи на антиоксидансите на пијалокот, кои помагаат да се спречи губење на коскената маса и да се подобри формирањето на коските.

Нутритивна вредност

Матчата е ниска со калории, макронутриенти, витамини и минерали, но богата со различни антиоксиданси. Една кафена лажичка матча во прав (количината што се користи во многу рецепти за да се направи едно мача лате) обезбедува:

  • Калории: 7
  • Јаглехидрати: 0гр
  • Масти: 0гр
  • Протеини: 0гр
  • Калциум: 6 mg, 1% од дневната вредност
  • Железо: .28 mg, 1% од дневната вредност

Антиоксидансите во матчата се клучен аспект на неговата нутритивна вредност – ја поддржуваат детоксикацијата, го намалуваат воспалението и ги штитат клетките од оштетување што може да доведе до стареење и болести.

Совети за консумирање

За најдобро да ги зачувате антиоксидансите чувајте ја на ладно. Едно истражување покажа дека матчата приготвена на 90 степени Целзиусови одржува највисоки концентрации на полифенолни антиоксиданти.

Матча освен како чај може да се вклучи дури и во јадења како овесна каша, смути, чиа пудинг, енергетски барови, печива, хумус, сосови и супи. Но, со оглед на тоа што употребата на прашок од матча на овие начини не е истражена, не е јасно дали ќе ги доживеете истите бенефиции како кога ја консумирате како чај.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе

Паста со брокула и сос од кокос

Ако барате брз и здрав оброк кој е идеален за секоја пригода, тогаш оваа паста со брокула и сос од кокос е вистинскиот избор за вас. Овој вегански рецепт е лесен за подготовка, здрав и вкусен – совршен за љубителите на здравата храна.

Прочитај повеќе