Веганска супа со лимонова трева и тофу

Оваа супа со лимонова трева и тофу е вкусен и хранлив оброк што лесно се подготвува. Има богат вкус, а состојките ѝ даваат посебен карактер. Одлична е за ручек или вечера, особено кога ти се јаде нешто топло и лесно.

Потребни состојки

1 тофу (исечено на парчиња)
1/4 чаша тамари
2 лажици алкохолен оцет
1 лажица кокосово масло
1/3 чаша вода
3 чешниња лук (сецкани или ситно мелени)
1 лажиче маслиново масло
2 млади кромитчиња
4 кафени лажички кари паста 
лимонова трева
1 литар супа од зеленчук
3 стебленца целер 
нудли (или некаков вид тестенини)
50гр, нелупен грашок (грубо сецкан)
75гр. сецкани домати
80гр. бебешки спанаќ 
1 зелен лимон (исцеден)

Начин на подготовка

За тофу

  1. Измешајте тамари, јаболков оцет, масло од кокос, вода и лук. Потопете го исеченото тофу во маринадата и оставете го да отстои во фрижидер најмалку еден час. Испржете го тофуто на маслиново масло дур не порумени од секоја страна. Користете малку од маринадата додека готвите за да добиете посилен вкус.

За супата

  1. Ставете ги нудлите кратко да се варат и потоа исцедете ги. Во засебно тенџере ставете ја супата да се вари.
  2. Загрејте посебно тенџере на средна топлина. Додате масло и испржете го кромидот. Додадете ја кари пастата, лимоновата трева и пржете дур не го почувствувате убавиот мисир. Можеби ќе треба да додадете малку од супата за да се раствори пастата. Додадете го остатокот од супата и почекајте да зоврие. Додадете го целерот и варете околу 3-5 минути, додека не омекне.
  3. Додадете ги нудлите во тенџерето и варете уште 3-4 минути. Додадете грашок и сечкани домати и промешајте, варете уште 2-3 минути. На крај додајте го спанаќ додека не овенат листовите.
  4. Тргнете ја од оган супата и послужете со половина сок од зелен лимон во секој сад. Одозгора ставете го маринираното пржено тофу.
Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе