Сите зборуваат за грижа за себе, а никој не знае што навистина значи

Во последниве неколку години, „грижата за себе“ стана речиси неизбежна тема во секојдневните разговори, на социјалните мрежи, па дури и во маркетинг стратегиите на брендовите. Постовите со естетски совршени моменти на „self-care“ се секојдневие – бања со миризлива пена, кафе во убава чаша, викенд-патувања, нови фустани, книги со минималистички корици. Сè е убаво запакувано, филтрирано, инспиративно.

Но дали навистина станува збор за грижа? Или само за уште еден начин да се прикажеме доволно „средени“ и „смирени“, дури и кога внатрешно сме исцрпени?
 

Кога грижата за себе станува обврска

Идејата за грижа за себе треба да е начин да го заштитиш своето ментално и емоционално здравје во свет што постојано бара нешто од тебе. Но концептот на грижа за себе полека се претвори во нова форма на притисок. Не е доволно веќе само да се одмориш – треба и да изгледа убаво, да биде документирано, инспиративно. И најважно – да може да се сподели.

Парадоксот е очигледен: она што требаше да нè ослободи, често нè оптоварува. Денес, ако не си направил нешто „само за себе“, ако не си запалил миризлива свеќа, ако не си бил на јога, се чувствуваш како да не си доволно свесен, доволно зрел, доволно „во контакт со себе“.

Грижата за себе, која требаше да значи прифаќање, сè почесто доаѓа со правила и очекувања. И токму тука го губиме нејзиното вистинско значење.
 

Вистинската грижа не е секогаш за споделување

Понекогаш грижата за себе не изгледа ниту малку инспиративно. Не е за на стори, не е за лајкови. Понекогаш, тоа значи да го оставиш мијалникот полн со садови и само да легнеш, затоа што во тој момент одморот ти е поважен. Понекогаш значи да го исклучиш телефонот, не заради трендовскиот дигитален детокс, туку затоа што едноставно ти е преку глава од сè.

И тоа е вистинската грижа – онаа што не изгледа убаво, ама прави да се чувствуваш подобро. Таа е во малите избори што ги правиш за да не се изгубиш во темпото на денот. И бара нешто што најчесто го избегнуваме - искреност. Не пред другите, туку пред самите себе.
 

Нема еден универзален начин на грижа за себе

Она што најчесто се заборава е дека грижата за себе не изгледа исто за сите. За некој тоа е утринска рутина, медитација или вежбање. За друг, тоа е гледање серија во кревет. За некој е водење дневник, за друг е кафе со пријател.

Не постои „вистински“ начин. И токму затоа споредувањето со туѓите начини може да нè одведе во спротивна насока – кон нова форма на исцрпеност. Грижата за себе треба да биде лична, интимна и искрена. Без споредби и без шаблони.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе

Паста со брокула и сос од кокос

Ако барате брз и здрав оброк кој е идеален за секоја пригода, тогаш оваа паста со брокула и сос од кокос е вистинскиот избор за вас. Овој вегански рецепт е лесен за подготовка, здрав и вкусен – совршен за љубителите на здравата храна.

Прочитај повеќе