Што значи да се создаде искуство, а не само третман – разговор со Матеа, основачката на „Hygge Spa Studio“

Постојат искуства што веднаш менуваат како се чувствуваш во сопственото тело. Без наметнување, тие те повикуваат да забавиш, да се опуштиш, и да бидеш присутен. Секој допир, секој звук, секој мал детал е таму со причина — да те потсети дека не мораш да брзаш.

Hygge Spa Studio е едно такво место, сместено во срцето на Скопје. Со инспирација од корејската head spa традиција, но прилагодено на нашиот ментален и емотивен пејзаж, Хиге предизвика љубопитност кај многумина. Она што се издвојува не е само техниката, туку начинот на кој се гради целото искуство — преку темпо, внимание и детали.

Овој концепт ја враќа основната идеја на нега - да се биде присутен, да се почувствува телото, и да се забележи што сè носиме со себе — а ретко имаме време да го слушнеме.

Разговараме со Матеа, која по само неколку месеци од отворањето, споделува што значи да се создаде ваков спа концепт во Македонија, зошто head spa е повеќе од тренд и што ја враќа секогаш кон себе.

Како се роди идејата да го отвориш Хиге спа студиото и да донесеш корејските третмани во Македонија?

Три месеци по отворањето на Хиге, сè повеќе верувам дека токму ова нешто ми било потребно за да го смирам мојот брз и преоптоварен ум.

Го замислував како место каде што секој човек ќе пронајде тишина, мир, и ќе го чуе она што му го кажува неговото тело. Замислете си капсула во која сте одделени од телефонот и од сите нотификации, мејлови и пораки.

Имате време и можност да го погледнете својот живот од поинаква перспектива и да си кажете „благодарам“ за сè она што често го заборавате дека е важно.

Корејскиот head spa сосема случајно (или можеби и не) се покажа како првата услуга што го нуди тоа чувство на внатрешен мир.

Зошто токму корејските спа техники? Што е она што те инспирира кај корејскиот пристап кон убавината и благосостојбата?

Веќе некое време се восхитувам на источните ритуали за грижа на себе. Убедена сум дека head spa е уметност. Секој третман може да биде различен, прилагоден на расположението и чувството што недостасува кај секој клиент.

Ако отворите YouTube и пребарате „ASMR head spa“, ќе навлезете во еден сосема друг свет. Мали, удобни простории. Целото внимание е посветено на еден клиент и неговата благосостојба. Секој мал детал има за цел да предизвика чувство на среќа и мир.

Не знам за другите, но секогаш кога се чувствувам физички најубаво – тоа е неслучајно период кога внатрешно чувствувам најмногу среќа, благодарност и смиреност.

Често се зборува за холистички пристап во негата и убавината. Како Хиге спа студио го имплементира тоа?

Интересно е колку сè почесто забележувам дека многумина од нас не се ни свесни колку навистина ни треба пауза — сè додека не си ја дадеме.

Пауза од информациите, од вревата, од постојаните стимулации што ги примаме – скролање по социјални мрежи, скокање од едно во друго, движење низ гужва, галама, брзи кафе-разговори...

Би рекла дека холистичкиот пристап се чувствува уште од самиот почеток на секој третман. Главен фокус се става на дишењето – на контролирање и фокусирање. Штом успееме да го смириме телото, умот го следи.

Интересно е што тука се задоволуваат повеќе сетила истовремено – нешто што ретко го доживуваме во секојдневието.

Преку нежниот мирис на билни чаеви, допирите од дрвени алатки и меки четкички, тивките звуци и смирувачките мелодии, топлината од водата и билните топки... сè заедно создава чувство на длабока грижа и присуство. Повеќето не го ни нарекуваат третман – туку прекрасно искуство.

Што најмногу ги изненадува клиентите кога првпат ќе ги пробаат третманите?

Не знам што најмногу ги изненадува, но знам дека неколку реченици постојано се повторуваат: „Отидов на некое друго место“,  „Баш ова ми требаше.“

Можеби звучи необично, но се случувало клиент да го заврши третманот со солзи во очите. Сметам дека тоа е една преубава енергија и состојба во која човек си дозволува да биде безбеден.

Како ги следиш глобалните трендови за нега и убавина, особено оние од Кореја?

Не би рекла дека студиото се фокусира на следење на трендови. Хиге претставува едноставност, благосостојба и пријатно чувство. Повеќе се трудам да забележам со какви предизвици се соочуваат луѓето тука, кај нас. На тој начин можам да разберам што точно им е потребно и како можам да го понудам тоа чувство за време на третманите.

Ако го посетите студиото, ќе забележите поинаков ентериер – нема никаков „луксуз“. Она што сакам да го постигнам е да се врати во тренд тишината, љубезноста и човечноста.

Кој третман на Хиге Студио ти е личен фаворит и зошто?

Во Хиге има еден главен третман – Hygge Spa. Од него произлегуваат уште две верзии: со подолго времетраење и само масажа на глава. Не би можела да издвојам омилен, бидејќи секое искуство се гради според моментот и потребата.

Ако треба да издвоите една навика за убавина и благосостојба што секоја жена (или маж) треба да ја практикува, која би била?

Секој треба сам да открие што е она што му носи најмногу среќа и чувство на смиреност. За некого можеби е кафе со себе. За друг – прошетка без телефон. Медитација, или едноставно слушање на птици, ветер, вода...

Не би можела да издвојам една навика – сите сме различни. Она што мене ми носи чувство на благосостојба, на мојот партнер, на пример, понекогаш му е здодевно – и обратно.

Доколку сакате да ѕирнете како изгледа едно Hygge искуство одблиску, погледнете го Instagram профилот : @hyggespastudio

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе