Автофагија – природен процес што му помага на телото да се прочисти и обнови

Автофагија е внатрешен механизам преку кој телото се грижи за себе на клеточно ниво, континуирано и со прецизна интелигенција.

Станува збор за процес при кој клетките се разградуваат и повторно искористуваат свои стари, оштетени или непотребни делови. На овој начин, телото се прочистува од вишокот и се ослободува од оштетените структури.


Што претставува автофагијата и кога се случува?

Терминот автофагија потекнува од грчки јазик и значи ,,да се јаде себеси”, но значењето што го носи во биологијата е многу подлабоко. Секоја клетка има вграден систем за самоодржување. Кога условите се погодни, организмот започнува процес на внатрешно прочистување, во кој ги отстранува клеточните остатоци и ги претвора во нова енергија.

Автофагијата иако на одредено ниво се одвива постојано, најчесто се забрзува кога телото не е оптоварено со дигестија, односно во периоди кога нема внес на храна. На пример, по 12 до 16 часа од последниот оброк, телото започнува дополнително да ги користи сопствените резерви и да го активира процесот на автофагија.


Што придонесува за нејзино активирање?

Постот има своја улога, но придонесуваат и редовната физичка активност, квалитетниот сон и порелаксираниот животен ритам. Комбинацијата од овие фактори создава поволна средина за клеточно обновување. Не е потребна строга рутина, туку постепено воведување на мали промени во дневниот ритам.


Придобивки од автофагијата

Научните истражувања покажуваат дека автофагијата може да влијае на подобрување на функцијата на имунолошкиот систем, да помогне во одржување на здравјето на клетките и да придонесе за нивна природна обнова. Овој процес се поврзува со забавување на стареењето, а постојат и индиции дека може да има заштитно дејство кај некои воспалителни и хронични состојби.

Кога телото има доволно време и услови за внатрешно регенерирање, тоа често се одразува и надворешно – преку поубава кожа, повеќе енергија и поголема ментална јасност. Сето тоа укажува на тоа дека клетките функционираат во природен ритам, со подобра рамнотежа и поголема ефикасност.


Навики што му годат на телото

Секојдневието често е исполнето со брзо темпо, обврски и постојан прилив на информации – од храна и задачи, до дигитална содржина што ретко престанува. Во таква динамика, ретко се создава простор телото навистина да одмори и да се стабилизира.

Автофагијата ја претставува токму таа внатрешна пауза – период во кој организмот „се повлекува“, се прочистува и се обновува на клеточно ниво.

За да се овозможи активирање на овој процес, не се потребни радикални промени. Малите, доследни навики може да имаат силно влијание:

  • да се вечера порано и да се јаде полесна храна,
  • да се избегнуваат грицки во доцните часови
  • да се обезбеди квалитетен сон, без изложеност на екрани пред спиење,
  • и да се започне денот со лесно движење – на пример, прошетка или утринско вежбање.

Секој ваков избор се создава простор телото да го активира својот природен капацитет за рамнотежа и регенерација.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе

Паста со брокула и сос од кокос

Ако барате брз и здрав оброк кој е идеален за секоја пригода, тогаш оваа паста со брокула и сос од кокос е вистинскиот избор за вас. Овој вегански рецепт е лесен за подготовка, здрав и вкусен – совршен за љубителите на здравата храна.

Прочитај повеќе