Кријотерапија, ледени бањи и краткотрајно изложување на студ - модерни практики со традиционални корени

Додека повеќето луѓе се обидуваат да го избегнат студот, некои доброволно му се препуштаат. Влегуваат во ледени бањи, во крио комори и се тушираат со ладна вода. Зошто? Затоа што шокот со ладна вода го „рестартира“ телото. Краткиот контакт со ниска температура го буди целиот организам, го забрзува дишењето, и дава енергија што останува и откако телото повторно се загрее.

Од традиција до терапија

Иако денес изгледа како нов велнес тренд, идејата за лековитата моќ на студот и ладната вода е стара колку и човекот. Во античка Грција ладната вода се користела за смирување на воспаленија, а во северните и словенските земји, капењето во студена река по сауна се сметало за начин на прочистување и зајакнување.

Современата кријотерапија само ја продолжува таа логика – краток допир со студот за да се поттикне природната реакција на телото. Кога температурата нагло паѓа, крвните садови се стеснуваат, а потоа при загревање се отвораат и ја забрзуваат циркулацијата. Таа промена помага во намалување на болката, го подобрува расположението и го подобрува квалитетот на сонот.

Придобивките од контролирана изложеност на ладно

Иако изгледа непријатно, изложувањето на ладно, може да донесе повеќе корист отколку штета – секако, кога се прави внимателно. Во тие неколку минути телото реагира интензивно, дишењето се забрзува, крвта се повлекува кон внатрешните органи, а потоа, при повторното загревање, циркулацијата се активира со полна сила.

Овој процес го поттикнува опоравувањето на мускулите, ги намалува воспалителните процеси, а кај многумина создава и чувство на смиреност поради зголеменото лачење на ендорфини. 

Истражувањата покажуваат дека редовната пракса може да помогне за намалување стресот, анксиозноста и заморот, особено кога е дел од поширока рутина што вклучува движење, правилно дишење и квалитетен сон.

Искуствата на луѓето кои редовно се тушираат со ладна вода или користат крио-комори се слични, по првичниот шок, настапува чувство на леснотија и енергија што трае со часови. За некои тоа е утрински ритуал, за други начин на ментално „ресетирање“ по долги денови пред компјутер.

Како безбедно да се практикуваат дома

Не мора да имате пристап до крио-комора за да ги почувствувате придобивките. Сето ова може да го направите и дома, постепено и без ризик:
  • започнете со краток туш со ладна вода на крајот од туширањето;
  • користете ледени облоги за делови од телото каде чувствувате замор;
  • потопете ги стапалата во ладна вода по долг ден;
  • или, ако имате можност, направете кратка ледена бања од една до две минути.
Важно е да го слушате телото и да се градите навика со време. Ако почувствувате вртоглавица, болка или нагла напнатост, веднаш прекинете. 

Комбинирањето на студот со сауна или топла бања е особено ефективно. Менувањето на температурите го поттикнува крвотокот и создава чувство на длабоко опуштање.

Телото знае повеќе отколку што мислиме

Практиките со студ и ладна вода не се натпревар во издржливост, туку начин да се врати рамнотежата меѓу телото и умот. Кога свесно се изложуваме на нешто непријатно, учиме како да останеме смирени и присутни. Студот не е непријател – тој е потсетник дека телото знае како да се прилагоди, обнови и зајакне, ако му дадеме можност.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе