-
26.7.2025
-
Грижа за себе, Здравје
Сончевите денови носат повеќе шетања, одмори и, за многумина, повеќе самодоверба. Но токму летото е и времето кога кожата на лицето бара посебна грижа – не само поради УВ зраците, туку и поради зголеменото потење, масна кожа, и можноста од дехидратација. Затоа, клучот е во прилагодена летна рутина што ќе ја одржи кожата здрава, свежа и сјајна.
1. Нежно чистење
Во лето, миењето на лицето станува уште поважно. Зголеменото потење и себумот лесно можат да ги затнат порите. Но тоа не значи дека треба да се користат агресивни чистачи. Напротив – благи, хидратантни гелови или пени кои не ја сушат кожата се најдобриот избор. Пожелно е да го чистите лицето двапати дневно, наутро и навечер, а ако сте носеле шминка – не ја прескокнувај двојната метода на чистење.
2. Tоник без алкохол
Многу проблеми со кожата кои се појавуват (црвенило, мрсен сјај, појава на акни) можат да се ублажат со вистинскиот тоник. Барај таков што содржи состојки како зелен чај или алое вера. Избегнувајте тоници со алкохол, бидејќи тие дополнително ја сушат и иритират кожата – што во лето само ја влошува состојбата.
3. Хидратација, хидратација, хидратација
Дури и ако имаш мрсна кожа – не ја прескокнувај хидратантната крема. Кожата подложена на сонце и високи температури лесно губи влага. Избери лесни, гел-текстури со хијалуронска киселина или ниацинамид. За сува кожа, може и лесна емулзија или лосион. Правилната хидратација помага и во намалување на појавата на ситни линии.
4. СПФ е задолжителен чекор
Без оглед на тоа дали си на плажа или одиш до продавница – секое утро нанесувај заштитен фактор од најмалку СПФ 30. Ултравиолетовите зраци не само што го забрзуваат стареењето на кожата, туку и го зголемуваат ризикот од хиперпигментации и кожни заболувања. Избери формула со лесна текстура и матирачки ефект ако имаш мрсна кожа.
5. Умерено со пилинзите
Во лето, кожата е почувствителна, па затоа ексфолирањето треба да се прави максимум еднаш неделно. Најдобар избор се ензимски пилинзи или оние со благи АХА киселини. Веднаш по пилингот, не заборавај да нанесеш хидратантна крема и, секако, СПФ фактор.
6. Освежување во текот на денот
Хидратантните спрееви со термална вода или хидролати на цветна база се твојот најдобар сојузник преку ден. Носете ги во чанта, да можете да го освежите лицето, особено по подолг престој на сонце или возење со јавен превоз. Само не заборавајте – после прскањето, не оставајте водата да испари сама, туку нежно тапкајте со марамица.
7. Маски за дополнителен сјај
Летото е вистинското време за маски со хидратантен, смирувачки или ревитализирачки ефект. Маските со гел или ленти со серум се брз начин да го разубавиш лицето пред важен настан – или едноставно за да се почувствуваш посвежо. Доволно е еднаш или двапати неделно.
8. Исхрана и внес на вода
Ниту една рутина нема да помогне ако телото внатрешно е дехидрирано. Во лето пиј најмалку 2 литри вода дневно и внесувај повеќе овошје, зеленчук и здрави масти. Лубеница, краставица, бобинки, авокадо – сите тие се одлични и за твојата кожа и за твоето тело.
Кожата памети – а летото е време за грижа
Летната рутина не треба да биде комплицирана, туку прилагодена. Со неколку правилни чекори и вистински производи, можеш да ѝ овозможиш на својата кожа да блесне природно, без тежина и без вишок шминка.