Во астрологијата, полната месечина претставува време за ослободување — момент кога го пуштаме сето она што веќе не ни служи. Тоа ослободување често се чувствува и физички, особено кај луѓе што се почувствителни на лунарната енергија. А и зошто не би било така? Месечината има влијание врз океанските плими, а нашето тело е главно вода. Колку повеќе размислуваш, толку повеќе има смисла.
Полна месечина во астрологијата е силен кулминациски момент и таа исто така може да влијае на спиењето. Дали забележуваш дека спиеш помалку тие ноќи? Кај некои луѓе може да се јави нарушен сон, поради пониски нивоа на мелатонин. А кога слабо спиеме, нивото на кортизол (хормонот на стрес) се зголемува.
Ако сме и дополнително под стрес, ситуацијата станува уште полоша. Кортизолот ја зголемува инфламацијата во телото. А сите знаеме дека инфламацијата го влошува секојдневното расположение.
Како да се грижиш за себе по полна месечина (според месечев и подзнакот)
Овен месечина и подзнак
Кај Овенот, полната месечина често предизвикува силен енергетски наплив — типично за огнен знак кој е прв во зодијачкиот круг. Таа енергија мора некаде да отиде, па најдобро е да се испушти преку интензивна физичка активност како бокс или брзи кардио вежби. Но по активноста, корисно е и смирување преку нежен притисок врз челото, кристална маска или тежинка за очи — сè што го активира вагусниот нерв и го поттикнува телото да се смири по „огненото“ празнење.
Бик месечина и подзнак
Во период на полна месечина, биковите често влегуваат во вртлог на преиспитување — околу стабилноста, безбедноста и личната вредност. Мислите што доаѓаат доцна навечер не секогаш се објективни, па не им давајте премногу тежина. Наместо тоа, запишете ги чувствата во дневник или испрати гласовна порака на некому кому му верувате. Помага и работа со гласот — пеење, читање мантри или афирмации — бидејќи грлото е енергетскиот центар поврзан со Бикот и тука се насобира многу од внатрешниот притисок.
Близнаци месечина и подзнак
Полната месечина често носи анксиозност и ментален хаос кај близнаците. Разговори, пораки и социјални ситуации што инаку ги полнат, во овој период може да станат исцрпувачки. Затоа е важно навреме да се препознае моментот на замор и свесно да се направи простор за повлекување. Практики како длабоко и ритмичко дишење, вежби за заземјување и ограничување на стимулансите можат да помогнат повторно да се влезе во телото и да се врати внатрешниот мир.
Рак месечина и подзнак
Ракот, како знак што е под владеење на месечината, најсилно ја чувствува нејзината енергија. Полната месечина кај него буди длабоки емоции, интуиција и потреба за ослободување. Тоа е идеално време за прочистување — преку солзи, ритуал во вода или топла бања. Препорачливо е и нежно поврзување со телото: без градник, со лесна масажа на градите или едноставно со топол, внимателен допир.
Лав месечина и подзнак
Кај лавот, полната месечина буди засилена креативност и желба за изразување. Тоа може да биде одличен момент за уметничка активност, дружење со блиски или пробување на нешто ново во група. Вишокот енергија најдобро се испушта преку создавање. Корисни се и јога вежби што го отвораат пределот на срцето и ја стимулираат тимус жлездата — простор поврзан со самодовербата и емоционалната виталност.
Девица месечина и подзнак
За девицата, пуштањето и препуштањето знаат да бидат вистински предизвик. Полната месечина може да ја активира потребата за контрола, но токму затоа е важно да се најде мир во рутината. Фокусирајте се на варењето на храната (со ферментирана храна како кимчи или комбуха), одржување на чист и организиран простор, и читање на текстови што поттикнуваат прифаќање – како стоичка филозофија. Се репорачуваат практики што помагаат да се прифати непријатноста и неизвесноста, без обид да се сè стави под контрола.
Вага месечина и подзнак
Кај вагите, полната месечина често ја отвора темата на односите — со другите, но и со самите себе. Може да се јави тенденција за премногу прифаќање, па важно е да се обрне внимание колку често велите „да“, дури и кога не ви одговара. Научете да поставувате граници и да кажувате „не“ без да чувствувате вина. Од физички аспект, бидејќи Вагата владее со бубрезите, се препорачува зголемено внесување вода и нежно истегнување на долниот дел од грбот за ослободување на тензијата.
Шкорпија месечина и подзнак
Полната месечина може да поттикне силна внатрешна потреба за трансформација или донесување големи одлуки кај шкорпиите. Но не брзајте. Наместо тоа, дозволете си ден-два пред да преземете нешто конкретно — понекогаш првиот импулс е само дел од процесот на прочистување. За да се поврзете со сопственото тело и инстинкти, се препорачува тивка медитација фокусирана на карличниот дел, со вежби како мула банда, кои ја активираат основната енергија и го поддржуваат процесот на ослободување.
Стрелец месечина и подзнак
Кај Стрелците, полната месечина ја буди желбата за движење, авантура и нови хоризонти. Тоа не мора да значи далечно патување — и прошетка до непознат дел од градот може да донесе чувство на свежина. Истражете нов простор, пробајте ново кафе или шетајте наоколу без цел. Стрелците може да пробаат јога положби што помагаат за ослободување и смирување — како „дрво“ или „гулаб“. Овие пози поттикнуваат длабока релаксација и помагаат да се забави темпото што често го тераш до максимум.
Јарец месечина и подзнак
Кај Јарецот, полната месечина ја засилува потребата за структура, постигнување и одговорност. Тоа само по себе не е проблем — но важно е вниманието да се пренасочи и кон внатрешна стабилност, не само надворешна продуктивност. Размислете за нешто што ќе ви даде смисла на подлабоко ниво, како на пример запишување на менторска програма или учење нова вештина. Исто така за Јарците е добро целосно исклучување од екрани и повлекување во природа — сами, без музика или разговори — само тишина и земја под нозете.
Водолија месечина и подзнак
Полната месечина кај водолиите често раздвижува мисли, идеи и желба за промена. Овој знак е природно насочен кон колективот и визиите за иднината, па ова е добар момент за активизам, дружење или вклучување во нешто ново и значајно. Но важно е умот да не преработува повеќе од потребното. Затоа, практики како длабоко дишење, кратка медитација или четкање на кожа за поттикнување циркулација можат да помогнат да се вратите во телото. Прошетајте, создавајте или размислувајте — но со дозирана ментална врева.
Риби месечина и подзнак
Кај Рибите, полната месечина често носи интензивни соништа, длабока чувствителност и нарушен сон. Но наместо да се борите со тоа, искористете го. Овој период е идеален за интуитивна работа преку соништата — поставете јасно прашање пред спиење и забележете што ќе ви донесе ноќта. Имајте дневник до креветот и запишете сè што ќе запомните. За подобро заземјување, поврзете се со телото преку стапалата — шетајте боси, стојте на трева или под — и дозволете ѝ на земјата да ве смири.