Лазањи со зеленчук

Вкусен и кремаст рецепт за лазањи со спанаќ, рикота и моцарела, совршен за вегетаријански ручек или вечера – лесен за подготовка и полн со вкус.

Потребни состојки

800 мл. маринара сос
450 гр. спанаќ
680 гр. рикота сирење
900 гр. моцарела
лазањи (12 парчиња)
сол
 

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот ставете го во зовриена вода, малку да омекне. Во посебен сад ставете ја рикотата, моцарелата и оладениот исецкан спанаќ и убаво промешајте.
  2. Во сад за печење ставете 1/3 од маринара сосот и одозгора според формата наредете парчиња лазањи.
  3. Врз нив ставете од смесата со сирења и спанаќ.
  4. Одозгора ставете нов ред лазањи и ставете од останатиот маринара сос. Така продолжете додека имате лазањи.
  5. Лазањите ставете ги да се печат на 200ᵒC, 40-45 минути.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.