Супа од тиквички и кромид

Потребни состојки:

  • 2 тиквички;
  • 1 кромид;
  • 2 чешниња лук;
  • 2 лажици маслиново масло;
  • сол;

Потребно време за подготовка на ова јадење е 20 минути.

Нутритивна вредност: калории 240; натриум 540мг. (23%); масти 18гр. (28%); протеини 4гр. (8%); јаглехидрати 16гр. (5%); влакна 4гр. (16%).

Начин на подготовка:

Излупете ги тиквичките и кромидот и ставете ги во сад на оган да се варат 10 до 15 минути.  Кога ќе бидат готови, тиквичките, кромидот, лукот и маслиновото масло ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Додајте од водата во која се варел зеленчукот за да ја добиете посакуваната густина на супата. Послужете додека е топла.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.