Нудли со брокула и соја сос

Брзи нудли со брокула, чили и ѓумбир во пикантен сос – лесен оброк готов за само 25 минути.

Потребни состојки

350гр. нудли
брокула
1 лажица сончогледово масло
15гр. ѓумбир
1 чешне лук
сусам
50мл. соја сос
100мл. оцет
3 лажици шеќер
2 лажици чили сос
1 чили пиперка
1 млад кромид

Начин на подготовка

  1. Сварете ги нудлите во врела вода. Додајте ја брокулата последните 4 минути од варењето. Откако ќе бидат готови исцедете ги и измијте ги со ладна вода.
  2. Во меѓувреме во посебен сад подгответе го сосот за нудлите. Додајте го соја сосот, чили сосот, оцетот, шеќерот, исецканиот кромид и чили пиперка и убаво промешајте. Кога ќе биде готов
  3. Во вок тава, ставете го маслото да се загрее на тивок оган. Додајте ги ситно исецкани лукот и ѓумбирот, гответе 3 минути или додека не омекнат. Потоа зголемете ја температурата и додајте ги нудлите и брокулата и убаво промешајте.
  4. Додајте го претходно подготвениот сос и гответе уште 2 – 3 минути на тивок оган. За крај додајте го сусамот.

Voilà! Bon Appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе