Сончогледовото семе содржи многу корисни витамини, минерали, масти и други хранливи материи. Тоа може да се преработи во многу форми, кои во крајна линија создаваат хранливи закуски, оброци и пецива.
Видови на семиња
Количината на витамини и минерали што ги добиваме од јадење сончогледови семки зависи од формата во која ги внесуваме. На пример, една лажица, солени, печени сончогледови семки имаат околу 45 калории, 4 грама масти, и 2 милиграми витамин Е. Споредбено со ова, една лажица концентрирано сончогледово масло, има 120 калории, 14 грама масти и 6 милиграми витамин Е.
Придобивки од семките од сончоглед
Семките од сончоглед се богат извор на многу витамини и минерали. Калциум, железо, цинк, магнезиум, селениум, фосфор и манган, а имаат и умерена количина на протеини и диетални влакна. Многу од овие минерали имаат витална улога во минерализација на коските, синтеза на ензими и создавање на црвени крвни зрнца. Сончогледови семки се богати и со омега-3 масни кисeлини, кои помагаат да се зачува влажноста на кожата и го спречуваат нејзиното сушење, ја зголемуваат нејзината елaстичност и цврстина.
Витамин Е
Сончогледовите семиња имаат поголемо количество на витамин Е, отколку кикириките, лешниците или зеленчукот. Тој е хранлива состојка која е дефицитарна во исхраната на многу индивидуи. Витаминот Е, е многу важен витамин за здравјето и убавината на кожата.
Витамин Б
Витаминот Б е потентен антиоксидант, а консумирањето на сончоглдово семе, кое е богато со овој витамин, може да помогне во спречување на срцеви заболувања. Сончогледовите семки ја зголемуваат концентрацијата и благотворно делуваат врз изгледот на кожата и косата. Јаткастите плодови и семињата се сметаат за добар извор на здрава храна, бидејќи немаат холестерол.