Бајалди - полнети модри патлиџани

Потребни состојки:

  • 6 модри домати;
  • 4 лажици маслиново масло;
  • 2 црвени кромиди;
  • 4 чешниња лук;
  • 50гр. свеж магдонос;
  • 1 зелена пиперка;
  • 4 домати;
  • 1 лажичка кафеав шеќер;
  • 1 лажица доматен сос;
  • 1 лажичка кумин;
  • сол и бибер.

Потребно време за подготовка на ова јадење е 105 минути.

Нутритивна вредност: калории 270; натриум 40мг. (2%); масти 9гр. (14%); протеини 7гр. (14%); јаглехидрати 46гр. (15%); влакна 19гр. (76%).

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200⁰C. Во меѓувреме излупете го горниот дел од модрите патлиџани, а потоа пресечете ги по должина. Посолете ги и оставете ги 30минути да ја примат солта. Потоа ставете ги во рерна да се печат 20тина минути. Кога ќе бидат готови, извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат.

Во меѓувреме, во сад на оган, ставете две лажици маслиново масло и додајте го исечканиот кромид. Пропржете го кромидот, а потоа додајте ја исечканата пиперка и лук. Пржете уште 10тина минути. Потоа, додајте ги исецканите домати, шеќерот, доматниот сос,магдоносот, куминот и зачинете со сол и бибер.  Гответе уште 5 минути и тргнете ги зеленчуците од оган.

Подесете ја температурата на рерната на 180⁰C. Наредете ги модрите патлиџани во тава за печење и убаво раширете ги за да може да ги наполните со смесата од зеленчук. Прелијте ги модрите патлиџани со преостанатото маслиново масло и додајте во тавата за печење малку вода. Печете ги 40-45 минути.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе