Вегански ќофтиња

Потребни состојки:

  • 150гр. киноа (сварена и оладена);
  • 400гр. црвен грав;
  • 2 лажици вода (или маслиново масло);
  • 3 чешниња лук;
  • 1 кромид;
  • ¼ лажичка сол;
  • оригано;
  • ½ црвен пипер;
  • ½ лажичка семе од анасон;
  • 3 лажици доматен сос;
  • свеж босилек;
  • магдонос;

Потребно време за подготовка на ова јадење е 75 минути.

Нутритивна вредност: калории 280; натриум 630мг. (26%);  масти 3гр. (5%); протеини 14гр. (27%); јаглехидрати 52гр. (17%); влакна 11гр. (44%).

Начин на подготовка:

Сварете ја киноата и оставете ја да се олади. Загрејте ја рерната на 180⁰C и на хартија за печење ставете го црвениот грав да се пече 15-тина минути. Извадете го гравот од рерната и оставете го да се олади. Во сад на среден оган ставете вода, или маслиново масло, додајте го исецканиот лук и кромид. Пропржете 2-3 минути додека не омекнат и тргнете го садот од оган.

Ставете го црвениот грав во блендер, со лукот, кромидот, сол, оригано, црвен пипер, семето од анасон и блендирајте (внимавајте смесата да не биде целосно хомогена). Потоа, додајте ја сварената и оладена киноа, доматниот сос, свежиот босилек и магдонос и повторно изблендирајте.

Пробајте ја смесата и додајте зачини по вкус. Потоа од смесата формирајте мали ќофтиња и ставете ги во фрижидер 15-тина минути да се оладат.

Кога ќе ги извадите од фрижидер, во сад на тивок оган ставете ги ќофтињата малку да се пропржат, a потоа ставeте ги во претходно загреаната рерна на 200⁰C да се печат 20-30 минути.

Кога ќе бидат готови послужете ги со маринара сос.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе

Паста со брокула и сос од кокос

Ако барате брз и здрав оброк кој е идеален за секоја пригода, тогаш оваа паста со брокула и сос од кокос е вистинскиот избор за вас. Овој вегански рецепт е лесен за подготовка, здрав и вкусен – совршен за љубителите на здравата храна.

Прочитај повеќе