Овој рецепт е одличен избор кога ви треба нешто лесно и брзо. Подеднакво добро се вклопува како закуска со пријатели или како додаток на оброкот, а најдобар е кога е добро оладен.
Потребни состојки:
| 4 чили пиперки |
| коријандер (свеж) |
| 2 домати |
| 1 кромид |
| 1/2 сок од зелен лимон |
| 3 зрели авокада |
| сол |
Начин на подготовка:
Во блендер ставете ги чили пиперките, доматите, кромидот и коријандерот и блендирајте. Додајте го сокот од зелениот лимон и по потреба малку вода, за да добиете хомогена смеса. Излупеното авокадо додајте го во блендерот и кога смесата ќе се соедини, ставете ја во фрижидер малку да се олади. Послужете со крекери или чипс.
Voilà! Bon appétit!