Шпагети со путер и спанаќ

Потребни состојки:

  • 100гр. путер;
  • 2 чешниња лук;
  • 2 гранчиња мајчина душица (или рузмарин);
  • 1 пакетче шпагети;
  • 60гр. пармезан;
  • 350гр. спанаќ.

Потребно време за подготовка на ова јадење е 25 минути.

Нутритивна вредност: калории 490; натриум 450мг. (19%); масти 26гр. (40%); протеини 16гр. (31%); јаглехидрати 50гр. (17%); влакна 2гр. (8%).

Начин на подготовка:

Путерот го растопуваме во сад на оган, го додаваме ситно исецканиот лук и мајчината душица (или рузмаринот). Пропржуваме неколку минути и го додаваме спанаќот. Готвиме додека спанаќот не омекне.

Во меѓувреме, во посебен сад ги вариме шпагетите. Кога тие ќе бидат готови ги миеме со ладна вода и ги додаваме во сосот од путер и спанаќ. Додаваме пармезан и убаво промешуваме.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.