Крем супа од брокула

Оваа супа е практичен избор за денови кога сакате нешто лесно, здраво и топло. Се подготвува со неколку основни состојки и е одлична за брз ручек или вечера. Добро оди и со крекери или парче леб.


Потребни состојки

брокула
компир
морков
малку путер
млеко
1 чешне лук
сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Во сад со вода, на оган ги ставаме компирот и морковот да се варат. Кога ќе омекнат ја додаваме брокулата.
  2. Кога зелечуците ќе бидат сварени, ги ставаме во блендер. Додаваме 3-4 лажици од водата во која се варел зеленчукот.
  3. Го додаваме путерот и лукот и блендираме. Додаваме и малку млеко, сол и бибер и доколку супата е многу густа, додаваме уште малку од водата во која се варел зеленчукот. Убаво блендираме.
  4. Декорираме со магдонос и послужуваме со крекери.


Voilà! Bon appétit!

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.