Печени јајца со аспарагус

Лесно јадење што може да се подготви и во текот на работна недела. Печено, со неколку основни состојки, има лесен  вкус и може да се сервира самостојно или со нешто дополнително од страна.


Потребни состојки

8 парчиња аспарагус
4 јајца
30гр. пармезан
сол и бибер
маслиново масло
 

Начин на подготовка

  1. Скршете го секое јајце во посебен мал сад и остaвeте ги на собна температура додека ја загревате рерната за печење. Многу важно е јајцата да бидат на собна температура!
  2. Аспарагусот исецкајте го на помали парчиња. Земете два сада за печење и ставете малку маслиново масло. Во садовите подеднакво распределете го претходно исечениот аспарагус. Зачинете со сол и бибер и печете го во рерна 10тина минути.
  3. Извадете ги садовите и внимателно ставете по две јајца врз аспарагусот и повторно вратете ги во рерна уште 5 минути.
  4. Извадете ги садовите и додајте го пармезанот и повторно вратете ги аспарагусот и јајцата во рерна да се допечат уште 3 минути.

Voila! Bon appetit!

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе