Чоколадни браунис

Потребни состојки:

  • 75гр. путер;
  • 230гр. темно чоколадо;
  • 200гр. бел шеќер;
  • 55гр. кафеав шеќер;
  • 1 супена лажица екстракт од ванила;
  • 3 јајца;
  • 100гр. брашно;
  • 25гр. какао во прав;
  • ¼ лажичка прашок за пециво;
  • ¼ лажичка сол;
  • ½ млечно чоколадо исецкано на ситни парчиња.

Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 минути.

Нутритивни вредности:  калории 440; натриум 200мг. (8%);  масти 21гр. (32%); протеини 6гр. (12%);  јаглехидрати 65гр. (22%); влакна 3гр. (12%).

Начин на подготовка:

Путерот и темното чоколадо ги топиме на тивок оган, додека смесата не се соедини. Оставете ја смесата да се олади 5 минути. Потоа додадете ги белиот и кафеавиот шеќер, 3-те јајца и екстрактот од ванила. Мешајте енергично или употребете миксер, додека смесата не се изедначи и соедини.

Додајте ги во смесата брашното, солта и какаото. Повторно мешајте додека смесата не се изедначи и не стане хомогена, без грутки. Додајте го исецканото чоколадо и потоа ставете ја смесата во правоаголна тава за печење. Печете на температура од 180 степени, 28 – 32 минути.

Кога смесата ќе биде испечена извадете ја од рерната и оставете ја да се олади на собна температура 15-тина минути. Потоа, ставете ги испечените браунис во фрижидер да се оладат 2 часа, пред да ги исечете.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе