Вегетаријанска паеља

Оваа вегетаријанска паеља е шаренило од вкусови и бои што ќе го разубави секој оброк. Подготвена со свеж зеленчук, ароматични зачини и ориз, таа е идеален избор за оние кои сакаат нешто вкусно, здраво и поинакво. Одлична е за ручек со пријатели, семејна вечера или кога едноставно сакате да внесете малку медитеранска магија во кујната.

Потребни состојки

маслиново масло
2 моркови
3 млади кромидчиња
3 чешниња лук
500гр. ориз
половина чаша доматен сос
1 лажица црвен пипер
малку шафран
500гр. мешан зелнчук (аспарагус, грашок, шери домати, тиквичка)
парчиња лимон
свеж босилек
свеж магдонос
1 коцка супа од зеленчук

Начин на подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 150⁰C.
  2. Во 1 литар вода, на оган, ставете коцка за супа од зеленчук.
  3. Во голема тава на средна температура, загрејте го маслиновото масло и ставете ги исецканите моркови и младото кромидче. Додајте го и лукот и оставете да се пропржат додека не омекнат.
  4. Додајте го оризот и мешајте. Внимавајте оризот да не се залепи или изгори. Додајте половина чаша доматен сос. Додадете го шафранот и црвениот пипер.
  5. Додајте го миксот од зеленчуци сите ситно исцекани. Потоа, прелијте го оризот и зеленчукот со претходно приготвената жешката супа од зеленчук и оставете ја паељата уште точно 17 минути на тивок оган.
  6. Ставете ја паељата во претходно загреаната рерна и печете уште 12 минути. Кога ќе биде готова извадете ја од рерна и оставете ја да се олади некоја минута. Одозгора ставете парчиња лимон, магдонос и свеж босилек.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе